Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

Сту­ди­ска програма

Еле­ктро­е­нер­гет­ика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

Вид на програмата

До­дип­лом­ска универзитетска програма

Обра­зо­вен степен
(дип­ло­ма)

Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии

Про­фил: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на
по­тре­би­те и
мож­но­сти­те за
вра­бо­ту­ва­ње

Дипломираните инженери од овој профил се оспо­со­бе­ни за работа во сите индустриски гранки, електро­сто­пан­ството (централи и дистрибуција), средни и мали прет­пријатија, проектантски фирми и претставништва, како и во истражувачки и развојни институти и обра­зов­ни институции.

Обра­зов­ни
ком­пе­тен­ции на профилот

Студиската програма обезбедува образование на висо­костручен инженерски кадар компетентен и оспособен за истражување, проектирање, развој и работа во пос­трој­ките за електромеханичко и електротермиско прет­во­рање на електричната енергија во процесот на про­из­вод­ство, пренос, дистрибуција и искористување. Сту­дис­ката програма ги негува и развива научните и стру­чни области од доменот на автоматизација на енер­гет­ските процеси, регулацијата на современите елек­тро­мо­торни погони, енергетската ефикасност и безбеднo, до­вер­ливo и рационално искористување на енергијата во индустријата, јавната потрошувачка, деловните об­јек­ти и домаќинствата како и експлоатацијата на обно­в­л­ивите извори на енергија и примената на паметните мре­жи и системи. Студентите кои ќе ги завршат сту­ди­ите на оваа студиска програма ќе стекнат вештини и ком­­петенции за компјутерско проектирање, мо­де­ли­рање и анализа на електроенергетските уреди со помош на современи софтверски алатки. Практичните знаења и вештини студентите на Факултетот ќе ги стек­нат преку практичната работа во лабораториите опре­ме­­ни со најсовремена компјутеризирана мерна оп­ре­ма.