Фотоволтаични системи
Предмет: Фотоволтаични системи
Код: ФЕИТ04Л025
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Електрични централи и разводни постројки
Предуслов за запишување на преметот: Положени: Основи на електротехника 1 и Основи на електротехника 2
Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување на основни знаења за функционирањето на ФВ-системите. Оспособување за идентификација на исплатлива примена на ФВ-системите. Оспособување за правилен избор на локација и компоненти за ФВ-системи. Запознавање со методите за анализа и димензионирање на ФВ-системите.
Методи на учење: Предавања со презентации, интерактивни предавања, аудиториски, лабораториски и симулациони вежби, изработка и презентација на проектна задача.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед, примена и типови на фотоволтаични (ФВ) системи. Карактеристики и компоненти на сончевото зрачење. Бази на податоци со метеоролошки податоци. Процеси при конверзија на сончевата во електрична енергија во ФВ-ќелија. Струјно-напонски карактеристики на ФВ-ќелии и влијание од температурата. Типови на ФВ ќелии и нивни карактеристики. Состав на ФВ-генератор. Останати компоненти на ФВ-системите. Автономни ФВ-системи. Хибридни ФВ-системи. ФВ-системи врзани на мрежа. Електрично поврзување на компонентите и топологии. Носечки конструкции и избор на поволна локација за инсталирање на ФВ-системи. Техно-економска анализа на ФВ-системите. Методи за димензионирање на ФВ-системите.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
A. Goetzberger, V. U. Hoffmann |
Photovoltaic Solar Energy Generation |
Springer-Verlag |
2005 |
2 |
DGS/Berlin |
Planning and Installing Photovoltaic Systems |
DGS/Berlin |
2008 |
3 |
T. Markvart |
Solar Electricity |
John Wiley & Sons |
1994 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
L. Castaner, S. Silvestre |
Modeling Photovoltaic Systems Using PSpice |
John Wiley & Sons |
2002 |
2 |
A.Luque, S. Hegedus |
Handbook of Photovoltaic Science and Engineering |
John Wiley & Sons |
2003 |
3 |
F. Zobaa, R. C. Bansal |
Handbook of Renewable Technology |
World Scientific Publishing Co. Pte. Ltd |
2011 |