Факултет за електротехника и информациски технологии
Покана за предавања од IEEE ComSoc
Со големо задоволство, одделот за телекомуникации при македонската секција на IEEE ве кани на предавањата на Alon Rosen (IDC Herzliya) и Andrej Bogdanov (Chinese University of Hong Kong) кои ќе се одржат на 2.07.2019 (вторник) во 10 часот во Салата за презентации на ФЕИТ.
Свечено доделување на награди и пофалници на студентите со постигнат успех 9 и над 9 и награди и благодарници на најзаслужните студенти за промоција на ФЕИТ
На 28 јуни 2019 година (петок), со почеток во 11 часот во Амфитеатарот на ФЕИТ ќе се одржи свечено доделување на награди и пофалници на студентите кои учебната 2017/2018 година ја завршиле со успех 9 и над 9 заклучно со августовската испитна сесија.
Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2019“
Во периодот од 01 јули до 05 јули 2019 год. ќе се одржи деветтата по ред ЛЕТНА ШКОЛА „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“ на тема „Сензори и актуатори (sensors and actuators)“.
Промовирана 56-тата генерација инженери и магистри
Факултетот за електротехника и информациски технологии, вчеравечер, на свечена церемонија ја промовираше 56-та генерација студенти кои дипломираa на нашиот факултет. Во Македонската филхармонија беа промовирани околу 260 нови инженери, од кои 198 дипломирани инженери и 58 магистри.
ФЕИТ одржа свечен наставно-научен совет
Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска, одржа Наставно-научен совет на кој присуствуваа сите членови на Советот, но и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Никола Јанкуловски и претставници на компании со кои соработува Факултетот.
Техничките факултети – причина за национална гордост
Трите технички факултети Машинскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии, вчеравечер, на свечена академија одбележаа 60 години постоење. Трите факултети прославија шест деценици под мотото „Создаваме иднина“.
Доделена Златна диплома на првите дипломирани електроинженери
Факултетот за електротехника и информациски технологии додели 60-тина Златни дипломи на првите студенти кои дипломирале пред 50-тина години на тогашниот Технички факултет, отсек електро. Денес беа доделени дипломи на студентите кои дипломирале во периодот меѓу 1964-1969 година.
Промоција на дипломирани и
магистрирани студенти 2019
Шаховски турнир по повод 60 ГОДИНИ ФЕИТ
Повик за учество на СКЕЕОР
Со големо задоволство Ве покануваме да учествувате на Седмата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој. Конференцијата ќе се одржи од 29 октомври до 1 ноември 2019 год. во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Ги известуваме сите заинтересирани студенти дека рокот за испраќање апстракт е до 01.07.2019 год.
Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС +
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
АД ЕСМ, ЕВН Македонија АД И АД Мепсо распишуваат конкурс за студентите од електроенергетските студиски програми запишани по првпат во учебната 2018/2019
Тим од ФЕИТ победи и на балкански инженерски натпревар
20.05.2019, Скопје – Тимот Space Divers, составен од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии Александра Мирческа, Марија Алексовска, Тијана Спировска и Бојан Страчковски победи во категоријата Case Study на инженерскиот натпревар EBEC (European Best Engineering Competition). Case Study e интензивна анализа која дава конкретно решение на некој технолошки или менаџерски проблем.
ITU Centre of Excellence elearning курс: „NGN Evolution, Future Networks and Ultra-Broadband Internet”
International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „NGN Evolution, Future Networks and Ultra-Broadband Internet”.
28 мај до 24 јуни 2019 година
ТЕСТИРАЊЕ НА 5G ТЕХНОЛОГИЈА - ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ И ФЕИТ
Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија.
Студентите од ФЕИТ повторно добиваат меѓународно признание
Проектот „Концепт за напреден систем за домување на возрасни лица“ на студентите Катерина Билбилоска, Милан Јанковски, Матеј Пунтевски и Константин Кузмановски од Факултетот за електротехника и информациски технологии освои награда најдобар проект во категоријата симулација на Меѓународната културна и академска средба на студентите по технички науки (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students – ICAMES 2019).
ИНОФЕИТ објавува програма за поддршка на иновативни студентски идеи INNO-SAE 2019
Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) е иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ за поддршка на 60-годишнината на ФЕИТ преку демонстрација на иновативниот капацитет на студентите.
ИНОФЕИТ е македонски партнер на University Startup World Cup (USWC)
University Startup World Cup (USWC) е глобален натпревар на иновативни универзитетски стартапи чиешто финале секоја година се одржува во Данска како земја со еден од најразвиените иновациски екосистеми во светот. Натпреварот започнува со online пријавување на заинтересираните универзитетски стартапи и online следење на работилници кои им овозможуваат на стартапите да развијат бизнис план кој ќе биде предмет на оценување.
ИНОФЕИТ започнува програма за поддршка на иновации кај студентите на УКИМ
31.03.2019, Скопје - Интердисциплинарни тимови од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ќе работат на создавање иновативни продукти и решенија во рамки на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019), во организација на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ. Ваквата активност претставува демонстрација на иновативниот капацитет на студентите на УКИМ по повод 60 години ФЕИТ.
ФЕИТ стана официјален центар за сертификација на Microsoft програми
28.03.2019, Скопје - Microsoft академија и тестинг центар, денеска, беа промовирани пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ во рамки на ЕУ Дигиталната недела. Со ова, ФЕИТ стана официјален центар за сертификација на Microsoft програми.
Почна 6-тиот Саем за вработување и пракса КОНТАКТ 2019
На кампусот технички факултети, денес, официјално беше отворен шестиот Саем за вработување и пракса КОНТАКТ 2019. Саемот се состои од едукативен и саемски дел.
INNOFEIT’s collaboration with Inform now backed with NOKIA’s Smart City platform
Smart cities and the internet of things is the future, and Nokia is a significant global leader in this space. This week, our executive team met with Mr. Darko Giljevic from Nokia Networks, prof. Dr. Dimitar Tashkovski, Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies (FEIT) Dean and prof. Dr. Vladimir Atanasovski, Vice-Dean for finances and Managing Director of INNOFEIT.
ФЕИТ ќе соработува со кинескиот институт Конфуциј
Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Димитар Ташковски, ректорот на УКИМ, професор д-р Никола Јанкуловски и првите луѓе на Институтот Конфуциј при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, македонскиот директор, проф. д-р Влатко Стоилков и кинескиот директор, проф. д-р Лијао Веи, денес, потпишаа Меморандум за соработка.
Шеста студентска конференција за енергетска ефикасност и оддржлив развој – СКЕЕОР 2018
Во периодот од 4ти до 7 ми декември 2018 година под покровителство на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии се одржа шестата по ред студентска конференција „Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој“ – СКЕЕОР 2018. Од година во година конференцијата добива се поголем размер, а заинтересираноста меѓу студентите постојано се зголемува. Главен организатор на студентската конференција е Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР – Скопје,во текот на успешно одржаните денови студентите имаа прилика да ги презентираат своите научни трудови и да разменат и стекнат многу нови знаења преку комуникацијата и дискусиите со професорите и претставници од компаниите.
ФЕИТ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска, ги отвори вратите на новиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.
ФЕИТ прв факултет што ќе произведува чиста енергија од фотоволтаици
На 22.08.2018г. , на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје беа пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 KW. Едната централа е со моќност 10 KW e донација на ОКТА, а другата со моќност од 12 KW, која има и систем за акумулирање на енергија е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици - PV ESTIA“, како и со сопствени средства на факултетот.