Центар за кариера
Центарот за кариера при Факултетот за електротехника и информациски технологии е врска меѓу студентите на нашиот факултет и деловната заедница. Ние работиме со три групи на студенти: идните, сегашните и дипломираните студенти од нашиот факултет. Идните наши студенти ги запознаваме со можностите за студирање на факултетот, ги насочуваме при изборот на соодветната студиска програма и им нудиме помош при уписот. На сегашните студентите од факултетот им помагаме во креирањето на нивната кариера при наоѓање на работа во некои од државните или приватните институции, во зависност од нивното ниво и квалитет на стекнато знаење и вештини, како и личните афинитети. На студентите им помагаме при извршувањето на практичната настава, во земјата и во странство. Исто така центарот посредува меѓу барањето на компаниите за практиканти и интересот на студентите за извршување на практична настава.
Мисија
Мисијата на Центарот за кариера при ФЕИТ е:
- да ја помага и насочува кариерата на нашите идни и сегашни студенти;
- да воспоставува постојани врски меѓу студентите и деловната заедница;
- да го промовира факултетот пред пазарот на трудот;
- да им нуди помош на студентите при премин од академската средина во професионалното вработување;
- да им го олеснува пристапот на студентите до работните места.
Центарот за кариера
- Учествува во организирањето на задолжителната практична настава за студентите, со цел создавање стручен кадар кој ќе применува современи иновативни техники и технологии.
- Им помага на студентите да ги планираат, идентификуваат и имплементираат нивните цели на кариерата.
- Обезбедува информации за можностите за вработување и извршување на практична настава.
- Ги информира студентите за програмите за мобилност и го координира и помага нивното конкурирање за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ. (Програми за мобилност)
- Организира промоција на факултетот пред идните студенти, пред медиумите и на настани за кариера организирани на факултетот или во рамките на други образовни институции. (Информации за матурантите)
- Помага при уписите на новите студенти на факултетот на сите студиски циклуси.
- Организира работилници и семинари со цел да ги насочат студентите за подготовка на мотивациско писмо, презентација на нивните квалификации, вештини, лични карактеристики и сл.
- Одржува настани кои им овозможуваат на студентите да создадат контакти и интервјуа со работодавците.
- Организира посети на студентите во компаниите/институциите.
- Поттикнува и одржува континуирани партнерства со работодавците во Република Македонија.
- Води евиденција за поранешните (алумни) студенти и ги ангажира за реализација на активностите на центарот.
Контакт
Раководител на Центар за Кариера
Tel: 3099165
Email: scundeva@feit.ukim.edu.mk