Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ ИНФОРМАЦИИ ЗА МАТУРАНТИТЕ

ИНФОРМАЦИИ ЗА МАТУРАНТИТЕ

copy_of_studenti.jpg

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ФЕИТ ЗА МАТУРАНТИТЕ


ПОТРЕБНИ ПРЕДМЕТИ ОД ДРЖАВНА МАТУРА ЗА УПИС НА ФЕИТ

 

Сите средношколци-матуранти кои се заинтересирани да се запишат на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, потребно е да ги имаат положено следниве предмети од државна матура:

Екстерни предмети:

  • задолжителен предмет: мајчин јазик (македонски јазик и литература, албански јазик и литература или турски јазик и литература)
  • прв изборен предмет: математика (основно или напредно ниво) или странски јазик
  • втор изборен предмет: физика, хемија, биологија, математика (основно или напредно ниво) или странски јазик. Не може да се одбере предмет кој веќе е одбран како прв изборен предмет.

Интерни предмети за гимназија:

  • предмет по избор на кандидатот (информатика, еден од горе споменатите предмети или некој друг сосема различен предмет)

Интерни предмети за средни стручни училишта:

  • предмет по избор на кандидатот (информатика, еден од горе споменатите предмети или некој друг сосема различен предмет)

За да се запишат на ФЕИТ матураните задолжително треба да полагаат математика како екстерен предмет.

Матурантите кои ќе полагаат напредно ниво математика како екстерен предмет, ќе имаат еднаков третман во однос на освоените поени како и оние кои полагале основно ниво математика.

Темата обработена во проектната задача не игра улога при уписот, а се внесува само оценката добиена по истата.

На ФЕИТ можат да се пријават и матуранти со еден несоодветен екстерен предмет од матура, со тоа што поените се пресметуваат согласно методологијата што е прикажана во  Упатството за пресметување на поените.

Деканат на ФЕИТ


За повеќе информации конатктирајте не на следната e-mail адреса:


Центар за нови студенти
cns@feit.ukim.edu.mk

Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
април
« април 2024 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930