Шаховски турнир по повод 60 ГОДИНИ ФЕИТ
кога |
17.06.2019. 09:30 до 18.06.2019. 15:30 |
---|---|
Додај настан во календар |
вКал (vCal) иКал (iCal) |
Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да земете учество на претстојниот турнир во шах по повод нашиот јубилеј, 60 години постоење на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Шаховскиот турнир е во организаија на ФЕИТ, а со подршка од Шаховската федерација на Република Македонија и Студентскиот парламент на ФЕИТ. На турнирот ги покануваме да земат учество сите актуелни и поранешни студенти и вработени на ФЕИТ кои сакаат да го подржат овој значаен јубилеј. Турнирот ќе се реализира на 17 и 18 Јуни 2019 година во просториите на ФЕИТ во две фази:
- Елиминациона фаза (17.06.2019)
- Полуфинале и финале (18.06.2019)
Правилата за натпреварот ќе бидат дополнително доставени до пријавените натпреварувачи. Организаторот на турнирот го задржува правото за ограничување на бројот на пријавени учесници, при што предност ќе имаат првопријавените кандидати. Пријавата на кандидатите ќе биде отворена до 13.06.2019 преку регистрирање на следниот линк.
Агенда на настанот:
- 17.06.2019 (елиминациони кола на турнирот)
- 09:30 (ждребка за избор на паровите)
- 10:00 (почеток на турнирот – прво коло)
- 11:00-15:00 (останати елиминациони кола од турнирот)
- 18.06.2019 (полуфинале/финале и рекреативен шах)
- 10:00 – 12:00 (полуфинале и рекреативен шах)
- 12:30-14:30 (финале и рекреативен шах)
- 15:00 (прогласување на победниците и доделување на медали)
- 15:30 (коктел)
Ве очекуваме, преку спорт и забава да го обележиме јубилејот на нашиот факултет!
Факултет за електротехника и информациски технологии