Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2019“

Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2019“

LSVMS2019.jpg

Во периодот од 01 јули до 05 јули 2019 год. ќе се одржи деветтата по ред ЛЕТНА ШКОЛА „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“ на тема „Сензори и актуатори (sensors and actuators)“.

Наставно-научниот совет на ФЕИТ одобри два кредита за студентите кои успешно ќе ги исполнат сите активности во школата.

Предвидени се две групи со по 20 работни места: Едната група со почетно ниво е наменета претежно за студентите од прва и втора година. Втората група е со понапредно ниво и соодветно е наменета за студентите од трета и четврта година. (Распределбата во групите не е строга и можно е одредено прелевање ако некоја биде преполнета со кандидати.)

Активностите се состојат од предавања, лабораториски вежби и самостојна работа на проектна задача. Лабораториските вежби и проектот се работат во тимови од по двајца кандидати. Проектната задача ќе биде дефинирана на првиот ден од школата и ќе има натпреварувачки карактер. На најуспешните екипи ќе им бидат доделени дипломи и/или награди.

Распоредот на активности можете да го погледате од: VMS2019 Programa za rabota.pdf

Пријавувањето се врши електронски преку интернет страната: https://forms.gle/irupTLoh7LeFDH4B7

од 27 јуни (четврток) до пополнување на местата. Во сабота по 20 часот ќе бидат објавени списоците.

Предавањата се отворени за сите.

За учество во тимовите предност имаат студентите што до сега не учествувале во оваа школа. При пријавувањето кандидатите можат да посочат друг кандидат со кој би работеле во тим (ако претходно се договариле).
Основен принцип на предност при пријавувањето е времето на пријавување, но организаторот го задржува правото да одлучи за приемот.

На школата можат да учествуваат и студенти на магистерски студии ако постојат слободни места.

Школата ја организира Институтот за електроника при ФЕИТ-Скопје, во соработка со Сеавус-Скопје.