Студиски програми на прв циклус студии
Студиски програми на прв циклус студии се развиени согласно традицијата на ФЕИТ секогаш да биде во чекор со најновите трендови во светот на науката и техниката, имајќи ги предвид интересите на студентите, како и потребите на нашата заедница. Водени од поставените критериуми и цели на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри, при концепирањето на овие седум студиски програми користено е нашето долгогодишно искуство во изведување на настава и нејзиното постојано унапредување преку континуирана соработка со стопанството.
Основни податоци за студиските програми |
|
Траење на студиската програма |
Четири години / осум семестри |
ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот |
240 ЕКТС кредити |
Структура на студиските програми |
Бројот на задолжителни наставни предмети е ограничен на 60% од сите предмети, бројот на изборни наставни предмети предложени во студиската програма изнесува 30% и бројот на изборни наставни предмети од заедничката универзитетска листа изнесува 10%. Едномесечна практична работа во индустријата е задолжителна во секоја учебна година. |
Финансирање |
Финансирањето на студиите се одвива според законските прописи за студирање на државен универзитет, статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и одлуките во конкурсот за упис. |
Продолжување на образованието |
По завршувањето на овие студии, студентите можат да го продолжат своето образование на втор циклус циклус студии – магистерски студии. |
Повеќе информации за уписот на ФЕИТ и генерално за студиските програми можете да добиете на cns@feit.ukim.edu.mk.
Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)
Електроенергетски системи (ЕЕС)
Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ)
Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)
Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)