Програмабилни логички управувачи
Предмет: Програмабилни логички управувачи
Код: ФЕИТ013015
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+2+1+0
Институт: Автоматика и системско инженерство
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со различните типови на програмабилни управувачи кои постојат на пазарот во денешно време, нивниот принцип на работа и начин на користење. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени за работа со скалест дијаграм и логичко програмирање на ПЛУ. Исто така ќе бидат оспособени за проектирање на системи на управување со ПЛУ, пресметка на потребните хардверски и софтверски капацитети на управувачките уреди и сл.
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Програмабилни логички управувачи како дел од управувачки системи. Хардверски аспекти на ПЛУ. Конструкција, структура и работа на ПЛУ. Дигитални влезни модули. Дигитални излезни модули. Аналогни модули. Специјални и комуникациски модули. Софтверски аспекти на ПЛУ. Скалесто програмирање. Графичко програмирање. Практична примена на ПЛУ. Управување на производен процес со помош на ПЛУ. Управување на индустриски лифт со ПЛУ. Управување на производна линија со ПЛУ.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
L. A. Bryan, |
Programmable Controllers: |
Industrial Text Company |
1997 |
2 |
E.A. Parr |
Programmable Controllers An engineer’s guide |
Newnes |
2003 |
3 |
W. Bolton |
Programmable Logic Controllers |
Elsevier |
2009 |