Енергетски преобразувачи
Предмет: Енергетски преобразувачи
Код: ФЕИТ023007
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Електрични машини, трансформатори и апарати
Предуслов за запишување на преметот: Електротехника 1 и Електротехника 2
Цели на предмететната програма (компетенции) : Основна цел на предметот е запознавање на студентите со основните видови на енргетски преобразувачи и нивно функционирање. Истотака студентите ќе бидат запознати со приментата на изучуваните енергетски преобразувачи како и техниките на изработка на модели и извршување на компјутерски симулаци на работата на изучуваните енергетски преобразувачи и пресметка на нивните карактеристики. Студентите ќе имаат компетенции за определување на параметрите и карактеристиките на енергетските преобразувачи и нивна анализа како и оспособеност за нивно моделирање и симулација на работата.
Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, лабораториски вежби, самостојна изработка на семинарска работа, учење со електронско опкружување.
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Вовед и поделба на енергетските преобразувачи. Особини и карактеристики на пулупроводнички елементи применети во енергетските преобразувачи. Еднофазни неуправувани исправувачи. Еднофазни управувани исправувачи. Трифазни неуправувани исправувачи. Трифазни управувани исправувачи. Сложени исправувачи. Комутација на струи кај исправувачите. Фактор на моќност и коефициент на полезно дејство кај исправувачите. Изменувачи (инвертори). Реверзибилни преобразувачи. Преобразувачи на фреквенција. Преобразувачи на наизменичен напон. Преобразувачи на еднонасочен напон (чопери).
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Гога Цветковски |
Енергетски преобразувачи (интерна скрипта) |
ФЕИТ, Скопје |
2008 |
2 |
Гога Цветковски |
Лабораториски практикум (интерна скрипта) |
ФЕИТ, Скопје |
2008 |
3 |
Brodic T. |
Energetska Elektronika |
Svjetlost |
1988 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Mohammad H. Rashid |
Power Electronics-Circuits, Devices, and Applications |
Prentice-Hall Int. |
1993 |
2 |
Mohammad H. Rashid |
Power Electronics Handbook |
Academic Press |
2007 |
3 |
Mohan N. Undeland T. |
Power Electronics: Converters, Applications and Design |
Joh Wiley & Sons |
1989 |