Управување на електромоторни погони
Предмет: Управување на електромоторни погони
Код: ФЕИТ06Л009
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај
Предуслов за запишување на преметот: Основи на електротехника
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со различните можности за управување на електромоторните погони, заштита и потенцијалите во енергетската ефикасност. Со успешно совладување на предметот студентот станува компетентен за разбирање на проблематиката управување на електромоторни погони, симулација, проектирање, експлоатација и одржување.
Методи на учење: Наставата се изведува преку предавања, аудиториски и лабораториски вежби. Предавањата се изведуваат „ex catedra“ со примена на проектор, проспектни материјали од различни фирми и прирачници, кои треба да му помогнат на студентот стекнатото знаење да го примени во пракса. Подготвени се тест прашања за проверка на успешноста на совладување на материјалот. Аудиториските вежби со решавање нумерички примери помагаат за совладување на теоријата во предметот. Со лабораториските вежби студентот стекнува практично искуство за управување на електромоторните погони, преку симулации и работа со реална опрема.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед. Релејно-контакторско управување и заштита на електромоторни погони. Програмско логичко управување на електромоторни погони. Регулациона техника за електромоторни погони. Регулирани еднонасочни електромоторни погони (DC-DC и AC-DC). Регулирани наизменични електромоторни погони (со промена напонот, со промена на фреквенцијата и напонот, скаларно управување, векторско управување, PWM управување, каскадни системи, регулација на возбудата). Влијание на регулираните електромоторни погони врз изворот за напојување (загуби, хармоници, електромагнетска компатибилност, регулативи и стандарди).
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Т. Јакимов |
Компоненти и системи за автоматско управување на електромоторни погони |
С - Скопје |
1998 |
2 |
С. Мирчевски |
Управување на електромоторни погони |
ФЕИТ (интерно изд.) |
2010 |
3 |
V. Vuckovic |
Elektricni pogoni |
ETF-Beograd |
1997 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
I. Boldea, S. Nasar |
Electric drives |
CRC Press |
1999 |
2 |
W. Leonhard |
Control of Electrical Drives |
Springer-Verlag |
1990 |
3 |
B. Drury |
The "Control Techniques" Drives and Controls Handbook |
IEE-UK |
2001 |