Електромагнетика
Предмет: Електромагнетика
Код: ФЕИТ053002
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+0+0
Предуслов за запишување на преметот:
Цели на предмететната програма (компетенции) - Запознавање со основните поими за електричното, стационарно струјно, стационарно и квазистационарно магнетно поле, законите кои важат за нив, начини за поврзување со концептот на електрично коло како форма за претставување на феномените. Запознавање со општите равенки на електромагнетно поле - Оспособеност за дефинирање на основните проблеми сврзани со пресметка на електрично и магнетно поле, и анализа на исtото, користење на методи за пресметки, анализирање на добиените резултати и носење соодветни заклучоци
Методи на учење: Активно следење на наставата и вежбите, изработка на домашни задачи
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Основни релации на електростатичко поле во вакуум и диелектрик, нивен интегрален и диференцијален облик. Електричен скалар потенцијал, капацитивност и парцијални капацитивности на систем од тела. Гранични услови во електростатичко поле, методи за анализа и компјутерска симулација на електростатичко поле. Стационарно струјно поле, електрична отпорност, отпорност на заземјувач, сложени заземјувачи. Интегрален и диференцијален облик на релациите во стационарно магнетно поле во вакуум, стационарно магнетно поле во материја и гранични услови. Магнетно коло, магнетен вектор потенцијал, методи за решавање и компјутерска симулација на магнетно поле. Квазистационарно магнетно поле, коефициенти на електромагнетна индукција, енергија и сила во магнетно поле. Општи равенки на макроскопско електромагнетно поле во неподвижни средини. Елементи од електромагнетните бранови и зрачење.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Љ. Јанев |
Електромагнетика 1 |
ЕТФ Скопје |
1996 |
2 |
Ј. Сурутка |
Електромагнетика |
Академска мисао, Београд |
2006 |
3 |
|
|
|
|
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Matthew N. O. Sadiku |
Elements of Electromagnetics |
Saunders College Publishing |
1994 |