Основи на електротехника 1
Предмет: Основи на електротехника 1
Код: ФЕИТ063001
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+1+0
Институт: Електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај
Предуслов за запишување на преметот: Нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со основните поими и појави од електростатиката, со основните закони и теореми во теоријата на електрични кола и со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски константни струи и напони. Користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството.
Методи на учење: Предавања - Power Point презентаци и вежби – аудиториски и лабораториски, работа во групи, изработка на семинарски трудови
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Електрично поле. Гаусов закон. Работа на сили на електрично поле. Потенцијал на електрично поле и електричен напон. Електричен дипол. Спроводници во електрично поле. Електростатичка индукција. Капацитивност и кондензатори. Диелектрици во електрично поле. Поларизација на диелектрик. Воопштен Гаусов закон и вектор на електрично поместување. Гранични услови. Густина на енергија во електрично поле. Стационарна електрична струја. Јачина на електрична струја. Електрична отпорност. Омов закон. Џулов закон. Електрични извори и електромоторна сила. Електрични мрежи. Прв и втор закон на Кирхоф. Методи за решавање на електрични кола. Теорема на суперпозиција. Тевененова и Нортонова теорема. Стационарни режими во мрежи со кондензатори. Преодни појави во мрежи со кондензатори.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Д-р Леонид Грчев |
Основи на електротехника - електростатика и кола со непроменливи струи |
|
2007 |
2 |
Д-р Панчо Врангалов |
Основи на електротехника 1 |
ЕТФ |
1979 |