Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Теорија на електрични кола

Теорија на електрични кола

Предмет: Теорија на електрични кола

Код: ФЕИТ053001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Цел на оваа теоретска дисциплина е на студентите да им пружи широка платформа поставена на математички темели на која тие ќе можат да го изградуваат своето знаење низ стручните предмети од областа на електротехниката. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени:

- успешно да анализираат електрични кола во временски и фреквенциски домен

- да прават разлика помеѓу различни одзиви и различни режими

- да анализираат електрични кола со сложена тополошка структура

- да вршат анализа на мрежи со два пристапи

- да вршат анализа на трифазни кола

- да вршат анализа на кола со распределени параметри

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, домашни задачи и аудиториски вежби, сето тоа реализирано во електронско опкружување

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Елементи на електричните кола, основни тополошки поими и тополошки матрици, Kирхофови закони, Tелегенова теорема. Одзив во временски домен: конволуција, компоненти на одзивот, равенки на колото во матрична форма. Одзив во фреквенциски домен: комплексни претставници (ревија), Фуриеoв ред, Фуриеов интеграл, Лапласова трансформација. Лапласова трансформација на равенките на колото. Функција на мрежа. Мрежи со N пристапи и мрежи со 2 пристапа. Трифазни кола. Симетрични компоненти. Неурамнотежени трифазни кола и куси врски. Водови во принуден простопериодичен режим.

Литература:

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Богданов

Теорија на електрични кола

Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје

2008

2

C. Alexander, M. Sadiku

Fundamentals of Electric Circuits

McGraw-Hill; 2 edition

2004

3

J. Nilsson, S. Riedel

Electric Circuits

Prentice Hall; 8 edition

2007