Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Примена на енергетски преобразувачи во обновливи извори на енергија

Примена на енергетски преобразувачи во обновливи извори на енергија

Предмет: Примена на енергетски преобразувачи во обновливи извори на енергија

Код: ФЕИТ02З017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електрични машини, трансформатори и апарати

Предуслов за запишување на преметот: Електротехника 1 и Електротехника 2

Цели на предмететната програма (компетенции) : Основна цел на предметот е надоградување на знаењето на студентите од областа на енргетските преобразувачи и нивно воведување во практичната работа и примена на преобразувачите во разни области од енергетиката, автоматиката и обновливите извои на енергија, преку изработка на лабораториски вежби со современа опрема. Истотака ќе бидат воведени и во техниките на моделирање и симулација на најзастапените енергетски преобразувачи. Со оваа предметна програма студентите стекнуваат компетенции за практично користење на енергетските преобразувачи во разни области од електротехниката како и оспособеност за моделирање и симулација на работата на енергетските преобразувачи.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, лабораториски вежби, самостојна изработка на семинарска работа, учење со електронско опкружување.

Вкупен расположив фонд на часови: 180

Содржина на предметната програма: Компјутерско моделирање и симулација на енергетски преобразувачи. Исправувачки трансформатори. Виши хармоници од преобразувачите и влијание врз квалитетот на електричната енергија. Активни и пасивни филтри. Кола за заштита на електронсктие прекинувачки елементи-снаберски кола. Трифазни струјни и напонски инвертори. Техники на широчинско импулсна модулација кај трифазните инвертори. Резонантни конвертори. Уреди за непрекинато напојување. Преобразувачи за современо напојување и управување на моторите за еднонасочна и наизменична струја. Енергетски преобразувачи применети кај обновливи извори на енергија. Енергетски преобразувачи за еднонасочен високонапонски пренос на енергија. Енергетски преобразувачи применети во автомобилите. Енергетски преобразувачи применети за подобрување на квалитетот на електричната енергија.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Гога Цветковски

Примена на енергетски преобразувачи во обновливи извори на енергија (интерна скрипта)

ФЕИТ, Скопје

2010

2

Гога Цветковски

Лабораториски практикум (интерна скрипта)

ФЕИТ, Скопје

2010

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Mohammad H. Rashid

Power Electronics Handbook

Academic Press

2007

2

Ramus Teodorescu

Marco Liserre

Pedro Rodriguez

Grid Converters for Photovoltaic and Wind Power Systems

John Wiley

2011

3

Mohammad H. Rashid

Power Electronics-Circuits, Devices, and Applications

Prentice-Hall Int.

1993