Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Динамика и моделирање на електрични машини, трансформатори и апарати

Динамика и моделирање на електрични машини, трансформатори и апарати

Предмет: Динамика и моделирање на електрични машини, трансформатори и апарати

Код: ФЕИТ02Л020

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електрични машини, трансформатори и апарати

Предуслов за запишување на преметот: Електротехника 1 и Електротехника 2

Цели на предмететната програма (компетенции) : Основна цел на предметот е запознавање со техниките за моделирање, симулација и динамичка анализа на електричните машини, со помош на современите софтверски алатки за таа намена.Со успешно завршување на овој предмет студентот ќе биде оспособен за практична изведба на симулациски модели на поголем број на електричнии машини како и анализа на нивните динамички карактеристики со помош на неколку софтверски пакети за таа намена.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, лабораториски вежби, самостојна изработка на семинарска работа, учење со електронско опкружување.

Вкупен расположив фонд на часови: 180

Содржина на предметната програма: Вовед во компјутерските пакети за симулација и анализа на појавите во електричните машини (MATLAB-Simulink, PSPICE, SIMPLORER, CASPOC, FEMM). Моделирање на електричните машини, трансформатори и апарати и нивните параметри. Математички модели на електричните машини. Статички модел на електричните машини, трансформатори и апарати. Динамички модел на електричните машини, трансформатори и апарати. Пресметка и анализа на статичките и динамичките карактеристики на електрични машини, трансформатори и апарати. Статичка и динамичка анализа на електрични машини, трансформатори и апарати со помош на методот на конечни елементи со примена на софтверскиот пакет FEMM.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Гога Цветковски

Динамика и моделирање на електрични машини, трансформатори и апарати (интерна скрипта)

ФЕИТ, Скопје

2009

2

Гога Цветковски

Лабораториски практикум (интерна скрипта)

ФЕИТ, Скопје

2009

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Chee-Mun Ong

Dynamic Simulation of Electric Machinery using Matlab-Simulink

Prentice Hall PTR

1998

2

John Chiasson

Modeling and High-Performance Control of Electric Machines

Wiley

2005