Лични алати
Пријави се

Математика 1

Предмет: Математика 1

Код: ФЕИТ083001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+3+0+0

Институт: Математика и Физика

Предуслов за запишување на преметот: Нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Да се усвојат основните поими од диференцијално и интегрално сметање на реална функција од една реалнапроменлива. Развој на аналитичко мислење, критички способности, способност за учење. Добиените знаења се неопходни за проучување на електротехниката.

Методи на учење:Предавања, аудиториски вежби, консултации, самостојна работа.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Реални броеви, математичка индукција, биномна формула. Низи од реални броеви, гранична вредност на низи, особини и операции со конвергентни низи, некои специјални низи. Реални функции од една реална променлива, особини, гранична вредност на функција, некои специјални гранични вредности. Диференцијално сметање на реални функции од една реална променлива, прв извод и негова геометриска интерпретација, тангента и нормала на крива во рамнина, основни правила на диференцирање, прв диференцијал, изводи и диференцијали од повисок ред, основни теореми на диференцијалното сметање, примена на изводи, Лопиталово правило, Тајлорова теорема, испитување тек и скицирање график на функција. Интегрално сметање на реална функција од една реална променлива, неопределен интеграл, определен интеграл, теореми за средна вредност, формула на Њутн-Лајбниц,несвојствени интеграли, примена на определениот интеграл во геометрија.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Н.Тунески, Б. Јолевска-Тунеска

Диференцијално сметање

 

2009

2

Н.Тунески, Б. Јолевска -Тунеска

Интегрално сметање

 

2011

3

С. Геговска-Зајкова, К. Хаџи-Велкова Санева

Диференцијално и интегрално сметање на реални функции од една променлива

 

во печат

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

С. Геговска-Зајкова, Г. Трајковски, А. Бучковска

Збирка решени испитни задачи од математика 1

 

1996

2

Б. Јолевска –Тунеска, С. Геговска-Зајкова, Е. Хаџиева, К. Санева, Б. Начевска-Настовска

Збирка решени испитни задачи од математика 2

УКИМ, Електротехнички факултет

2004