Основи на електротехника 2
Предмет: Основи на електротехника 2
Код: ФЕИТ06Л002
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+1+0
Институт: Електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со основните поими и појави од електромагнетизмот и нивно објаснување; однесување на отпорник, кондензатор и индуктивен елемент во електрични кола со простопериодични струи и напони; електрични кола со индуктивно спрегнати елементи; полифазни и трифазни електрични кола. Користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството.
Методи на учење: Предавања - Power Point презентации , Вежби – аудиториски и лабораториски, работа во групи, изработка на семинарски трудови.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Временски константно магнетно поле. Вектор на магнетна индукција. Био-Саваров закон. Сила во магнетно поле. Лоренцова сила. Линии на вектори на магнетна индукција. Флукс на вектор на магнетна индукција. Закон за одржување на магнетниот флукс. Амперов закон. Влијание на магнетното поле врз материјата и магнетизација. Дијамагнетски, парамагнетски и феромагнетски материјали. Воопштен Амперов закон. Гранични услови. Електромагнетна индукција. Принцип на работа на електричен генератор, мотор и трансформатор. Сопствена и меѓусебна индуктивност. Енергија во магнетно поле. Временски променливи простопериодични струи и нивно претставување со фазори и комплексни броеви. Аналитички методи за решавање на R, L и C, RL, RC и RLC кола со простопериодични струи. Енергетски процеси во RLC кола со простопериодични струи. Моментна моќност, активна, реактивна и привидна моќност. Методи за решавање на сложени електрични кола. Резонанција во просто и сложено електрично коло. Размена на енергија во резонантни кола. Индуктивно спрегнати кола. Трифазни системи.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Д-р Леонид Грчев |
Основи на електротехника - електромагнетизам и кола со променливи струи |
|
2007 |
2 |
Д-р Панчо Врангалов |
Основи на електротехника 2 (магнетизам) |
ЕТФ |
2003 |