Интернет апликациски сервиси
Предмет: Интернет апликациски сервиси
Код: ФЕИТ073008
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+1+2+0
Институт: Компјутерска техника и информатика
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со основите на Интернет и достапните сервиси (email, telnet, FTP, WWW, http), нивно користење и конфигурирање на соодветни клиенти. Исто така студентите ќе бидат запознаени со начинот, алатките, јазиците и стандардите за дизајнирање на веб страници (HTML, CМS). Компетенции: По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за користење и работа со поголем број Интернет сервиси, како и за креирање едноставни веб страници.
Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Основни сервиси што ги нуди Интернет. Сервис за праќање и прием на електронска пошта – е-маил. Алатки за прием и праќање на е-пошта. Репертоар на вакви алатки на различни оперативни системи: Windowѕ, Linux/Unix, MacOS. Алатки за составување на електронска порака. Алатки за испраќање на е-пошта и алатки за читање на е-пошта. Најава на далечни компјутерски системи – апликација telnet, карактеристики кај различни оперативни системи и начин на користење. Пренос на датотеки помеѓу оддалечени компјутерски системи – апликација ftp, карактеристики кај различни оперативни системи и начин на користење. Социјални мрежи: карактеристики и користење: facebook, linkedin, vkontakte и сл. Сопствена презентација на Интернет медиум – WWW страници, јазик за пишување на WWW страници – HTML, основна синтакса и употреба. Автоматизација на процесот на креирање на WWW страници – системи за управување со содржината (Content Management Systems).
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Randolph Hock |
The Extreme Searcher's Internet Handbook: A Guide for Serious Searcher, 3rd Ed. |
CyberAge Books |
2010 |
2 |
B. Costales, C. Assmann, G. Jansen, G. Neil Shapiro |
Sendmail, 4th Edition |
O'Reilly |
2007 |
3 |
J. Matthews |
Computer Networking: Internet Protocols in Action |
John Wiley & Sons |
2005 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
W. L. Oellermann |
Architecting Web Services |
Apress |
2001 |
2 |
|
|
|
|