Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Испитување на електрични машини

Испитување на електрични машини

Предмет: Испитување на електрични машини

Код: ФЕИТ02Л021

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+2+0

Институт: Електрични машини, трансформатори и апарати.

Предуслов за запишување на преметот: положени: Основи на ОИЕ (ЕАОИЕ) или Обновливи извори на енергија (ЕЕУМ, ЕЕС)

Цели на предмететната програма (компетенции) : Студентот ќе се здобие со знаења за методите и одликите на испитувањата на одделните видови електрични машини од аспект на нивните електрични параметри и неелектрични величини .

Методи на учење: Предавања, вежби (А+Л), семинари, тимска и самостојна работа

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Општ дел за испитување на вртливи електрични машини и трансформатори (ЕМТ). Методи за испитување на електрични и неелектрични величини кај ЕМТ. Улога и значење на изолационите системи на ЕМТ. Директни и индиректни методи за испитување на ЕМТ. Определување на работните карактеристики на генераторите, моторите и трансформаторите. Одлики на паралелната работа на вртливите машини. Одлики на паралелната работа на трансформаторите.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Д. Христовски

Испитување на електрични машини и трансформатори

ЕТФ (ФЕИТ) Скопје

1996

2





Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Б. Митраковић

Испитивање електричних машина

Научна књига Београд

1989