Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Производни и разводни постројки

Производни и разводни постројки

Предмет: Производни и разводни постројки

Код: ФЕИТ04Л011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Положени: Математика 1, Физика 1, Основи на електротехника 1 и 2

Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување стручни знаења за процесите и начините за добивање електрична енергија од класичните извори на електрична енергија: термоелектричните и хидроелектричните централи. Стекнување знаење за улогата, значењето и составните елементи на разводните постројки, како и оспособеност за димензионирање на елементи од разводните постројки.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација и посета на електричните централи и разводни постројки во Р. Македонија, самостојна изработка на домашни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180

Содржина на предметната програма: Примарни и трансформирани облици на енергија. Термоелектрични централи. Основна технолошка шема и главни елементи на термоцентрали. Коефициенти на корисно дејство кај термоцентралите. Методи за подобрување на термичкиот коефициент на полезно дејство. Економична распределба на оптоварување меѓу елементите на ТЕЦ. Помошни постројки во КЕЦ. Типови на хидроцентрали и нивни главни составни компоненти. Енергетски процеси во хидроцентрали. Типови и избор на хидроулична турбина. Шеми на сопствени потреби кај одделни видови централи. Типови на разводни постројки. Пресметка на струи меродавни за димензионирање на опремата во разводните постројки: ударна, термичка и расклопна струја на куса врска. Загревање на проводниците во нормален режим на работа. Сили и напрегања во разводни пострјки. Елементи во разводните постројки. Механичко и термичко димензионирање на собирниците. Шеми на главни струјни кругови во разводните постројки. Заземјување во разводните постројки. Современи изведби на разводните постројки.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Арсен Арсенов

Производство на електрична енергија

ЕТФ – Скопје

1996

2

Арсен Арсенов

Термички и динамички напрегања во електричните постројки

УКИМ -ЕТФ – Скопје

2005

3

А. Илиев

Производни и разводни постројки –

Збирка решени задачи

ЕТФ – Скопје

1996

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

IEEE Transaction on

Power Systems

Одбрани трудови од списанието

IEEE Press – USA

1990-2011

2

Ј. Nahman,

V. Mijailovic

Visokonaponska postrojenja

BeoPress Stampa – Beograd

2000