Мали и специјални електрични машини
Предмет: Мали и специјални електрични машини
Код: ФЕИТ023014
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+3+0
Институт: Електрични машини, трансформатори и апарати.
Предуслов за запишување на преметот: Електротехника 1 и Електротехника 2
Цели на предмететната програма (компетенции) : Предметот претставува напреден курс за проучување на малите и специјални електрични машини, со посебен осврт на нивната експериментална анализа. Студентот стекнува проширени и продлабочени знаења за спецификите, конструктивната изведба и принципот на работа на малите и специјални електрични машини како и за можностите за нивната примена. Студентот е оспособен за анализа на малите и специјални електрични машини, како и за нивно поврзување и имплементација во современите автоматизирани индустриски процеси во индустријата, домаќинствата и стопанските објекти.
Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, лабораториски вежби, самостојна изработка на семинарска работа, учење со електронско опкружување.
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Вовед. Поделба на микромашините (ММ). Еднофазни асинхрони микромотори (ЕАММ): принцип на работа; добивање вртливо поле; двофазни системи. Елементи за дефазирање. Видови ЕАММ. Еквивалентни шеми и енергетски дијаграм на ЕАММ. Кондензаторски АММ. Мотор со засечени полови. Синхрони микромотори (СММ): принципи; поделба. СММ со перманентни магнети. Синхрони реактивни ММ. Специјални видови реактивни ММ. Синхрони хистерезни ММ. Еднофазни/универзални колекторски ММ со сериска возбуда: теорија, примена. Сервомотори: принцип на работа, поделба, примена. Начини на управување и видови. Еднонасочни/асинхрони сервомотори. Чекорни микромотори: принцип на работа; поделба; микропроцесорско управување; режими на работа. Видови чекорни ММ. Тахогенератори: принцип на работа, видови, грешки, примена. Еднонасочни/синхрони /асинхрони тахогенератори. Селсини: изведба и видови, принцип на работа, примена; грешки и класи. Трифазни селсини во електрична оска. Еднофазни селсини во индикаторен/трансформаторски режим. Диференцијални селсини. Линeарни мотори: принцип на работа; видови. Карактеристики и примена на асинхрони/синхрони линеарни мотори. Микро и нано технологии за изведба на вртливи електромагнетни и електромеханички системи.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Лидија Петковска |
Микромашини |
ЕТФ, Скопје |
1995 |
2 |
Гога Цветковски Лидија Петковска |
Лабораториски практикум (интерна скрипта) |
ФЕИТ, Скопје |
2006 |
3 |
Гога Цветковски |
Линеарни мотори (интерна скрипта) |
ФЕИТ, Скопје |
2009 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Wiliam Yeadon Alan Yeadon |
Handbook of Small Electric Motors |
Mc Graw Hill |
2001 |
2 |
Sergey Edward Lysevski |
MEMS and NEMS-Systems, Devices and Structures |
CRC Press |
2000 |
3 |
Jacek Gieras Zbigniew Piech |
Linear Synchronous Motors |
CRC Press |
2000 |