Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Системи на автоматско управување

Системи на автоматско управување

Предмет: Системи на автоматско управување

Код: ФЕИТ013002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот:

Цели на предмететната програма (компетенции) : Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со основните системи на автоматско управување, модели на системите на автоматско управување. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени да ги препознаваат и идентификуваат системите, да можат истите аналитички да ги моделираат и да ги анализираат нивните својства со помош на компјутерски алатки како MATLAB. Студентите ќе бидат оспособени за проектирање на едноставни управувачи за овие системи и да ги анализираат перформансите на системите со повратна врска управувани од овие управувачи.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180

Содржина на предметната програма: Вовед: основни поими и дефиниции, класификација на системите, примери на системи на автоматско

управување. Математички основи: диференцијални равенки, Лапласова трансформација, инверзна Лапласова трансформација, преносни функции. Математичко моделирање: на механички, електрични и електро-механички системи. Блок дијаграми и карактеристики на САУ: алгебра на блок шеми, граф на текот на сигнали, Мејсоново правило, линеарни закони на управување, модели на типични САУ. Перформанси на САУ и крите-риуми за синтеза: точност во стационарната состојба, карактеризација на преодниот режим, интегрални крите-риуми на квалитет. Стабилност на динамичките системи: стабилност по Љапунов, алгебарски критриуми за стабилност. Метода на геометриското место на корените. Анализа на САУ во фреквенциското подрачје. Анализа на САУ во просторот на состојба: варијабли на состојба и простор на состојба, добивање равенки на состојба од диференцијални равенки и од преносни функции, решавање на равенките на состојба, фундаментална матрица, својствени вредности и својствени вектори, матрична преносна функција. Синтеза на САУ во просторoт на состојба: управливост и набљудливост, повратна врска по векторот на состојба, обсервери, линеарен квадратен регулатор. Дигитални системи на управување. Синтеза на линеарни регула-тори. Примена на МАТЛАБ за анализа и синтеза на САУ.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Norman S. Nise

Control Systems Engineering, 4th Edition

Wiley

2008

2

Richard C. Dorf, Robert H. Bishop

Modern control systems

Prentice Hall

2008

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. Gopal

Modern control system theory

New Age International Publishers

2005