Квалитет на електрична енергија
Предмет: Квалитет на електрична енергија
Код: ФЕИТ09Л006
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Преносни електроенергетски системи
Предуслов за запишување на преметот: Основи на електротехника 1 и Основи на електротехника 2
Цели на предмететната програма (компетенции): Запознавање со поимите и потребата на квалитетот на електричната енергија во електроенергетскиот систем., Запознавање со анализа и мониторинг, со користење на теориски и практични вежби во лаборатоија и на компјутерски модели. Совладување на терминологијата. Основни познавања за можните пречки во квалитетот на електричната енергија, нивната причина, ефектите како и начиниот за подобрување на квалитетот. Оспособеност за оценка, мерење и анализа.
Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојно учење, изработка на семинарска задача, стручна екскурзија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Увод. Терминиологија. Класификација на пречките. Виши хармоници.. Моќност во несинусоидални услови.Настанување на вишите хармоници во ЕЕ систем. Влијание врз поедини потрошувачи. Резонантни појави во ЕЕ систем. Пресметковни методи, моделирања и симулации. Норми и регулативи за виши хармоници. Поделба на одговорноста меѓу испорачателот и корисникот на ел. енергија. Против мерки за вишите хармоници. Напонски јами, куси прекини и напонски ридови. Противмерки. Напонска несиметрија, засеци и шум. Преодни појави и противмерки. Фликер, настанување, норми и противмерки. Заземјување и ожичување како фактор на квалитетот на ел. енергија.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Љубомир Николоски |
Квалитет на електричната енергија |
ФЕИТ |
2006 |
2 |
В. Катиќ |
Виши хармоници у ЕЕС |
Фак. Тех. наука, Нови Сад |
2004 |
3 |
Срете. Николовски |
Квалитета електрична енергије |
ЕТФ Осијек |
2006 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
R. C. Dugan, M.F.McGranaghan, H. W. Beaty |
Electrical Power System Quality |
МcGraw-Hill, |
1996 |
2 |
G. T. Heydt |
Electric Power Quality |
Stars in a circle publications, sec. edition |
1994. |
3 |
J. Schlabbac et al. |
Power Quality |
МcGraw-Hill |
2005 |