Лични алати
Пријави се

Електромоторни погони

Предмет: Електромоторни погони

Код: ФЕИТ023003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај.

Предуслов за запишување на преметот: Основи на електротехника

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со електромоторните погони како најголеми потрошувачи во индустријата и домаќинствата, различните изведби и начини на управување, потенцијалите во енергетската ефикасност. Со успешно совладување на предметот студентот станува компетентен за разбирање на проблематиката на електромоторни погони, нивна симулација, проектирање, експлоатација и одржување.

Методи на учење: Наставата се изведува преку предавања, аудиториски и лабораториски вежби. Предавањата се изведуваат „ex catedra“ со примена на проектор, проспектни материјали од различни фирми и прирачници, кои треба да му помогнат на студентот стекнатото знаење да го примени во пракса. Подготвени се тест прашања за проверка на успешноста на совладување на материјалот. Аудиториските вежби со решавање нумерички примери помагаат за совладување на теоријата во предметот. Со лабораториските вежби студентот стекнува практично искуство за електромоторните погони, преку симулации и работа со реална опрема.

Вкупен расположив фонд на часови: 180

Содржина на предметната програма: Вовед. Механика на електромоторните погони. Карактеристики на работните машини и погонските мотори. Еднонасочни електромоторни погони (карактеристики и регулација на брзината). Наизменични електромоторни погони (карактеристики и регулација на брзината). Избор на мотор за електромоторниот погон. Динамички состојби во електромоторните погони. Енергетска ефикасност на електромоторните погони.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

B. Jurkovic

Elektromotorni pogoni

Skolska knjiga-Zagreb

1987 (3izd)

2

Т. Јакимов

Електромоторни погони

МЕДИС-инф.-Скопје

1994

3

С. Мирчевски

Електромоторни погони

ФЕИТ (интерно изд.)

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

V. Vuckovic

Elektricni pogoni

ETF-Beograd

1997

2

I. Boldea, S. Nasar

Electric drives

CRC Press

1999

3

M. S. Berde

Electric Motors Drives

Khana Publishers

2008 (2ed)