Електроника
Предмет: Електроника
Код: ФЕИТ05Л006
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: Ислушани: Основи на електротехника 1 и Основи на електротехника 2
Цели на предмететната програма (компетенции) : Располага со фундаментална база инженерски знаења од електрониката и општ преглед на областа електроника. Разбира техничка документација поврзана со електронски елементи и склопови. Може самостојно да ги надогради знаењата од електрониката според професионалните потреби. Компетентно комуницира со специјалисти за електроника при спецификација на технички барања за електронска опрема.
Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашни задачи, семинарски задачи/проекти
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Историски преглед на електрониката. Полупроводничка електроника (основни електронски елементи, енергетски електронски елементи, интегрирани кола). Извори за напојување. Линеарни склопови: засилувачи, фреквенциски карактеристики, директна спрега, негативна повратна врска, операциски засилувач. Синусни осцилатори. Кола за аналогна обработка, импулсни кола, мултивибратори. Дигитални сигнали: дигитализација (дискретизација, квантизација, кодирање, кодови). Логички кола: основни логички функции, физичка реализација, основи од Булова алгебра, логички мрежи (комбинациони и секвенцијални), конечни автомати. А/Д и Д/А конвертори. Дигитални системи: мемориски кола (ROM, RAM, Flash), регистри, процесорска единица, микрокомпјутер (микроконтролер), асемблер
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Sedra-Smith |
Microelectronic circuits, 5th edition |
Oxford University Press |
2004 |
2 |
М. Камиловски |
Електроника 1 – електронски елементи |
ФЕИТ-Скопје |
2005 |
3 |
Ј.Ќосев |
Белешки од предавања, електронска форма |
ФЕИТ |
2011 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
М. Камиловски |
Електроника |
ФЕИТ-Скопје |
2005 |
2 |
Разни автори |
Материјали за семинарски/проекти од интернет |
Разни издавачи |
Тековна |