Лични алати
Пријави се

Основи на мехатроника

Предмет: Основи на мехатроника

Код: ФЕИТ023004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај

Предуслов за запишување на преметот: Основи на електротехника

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со мехатронички системи како комплексни системи со различни мерни елементи, актуатори и системи на нивно управување и примена. Со успешно совладување на предметот студентот станува компетентен за разбирање на проблематиката со мехатронички системи, симулација, проектирање, експлоатација и одржување.

Методи на учење: Наставата се изведува преку предавања, аудиториски и лабораториски вежби. Предавањата се изведуваат „ex catedra“ со примена на проектор, проспектни материјали од различни фирми и прирачници, кои треба да му помогнат на студентот стекнатото знаење да го примени во пракса. Подготвени се тест прашања за проверка на успешноста на совладување на материјалот. Аудиториските вежби со решавање нумерички примери помагаат за совладување на теоријата во предметот. Со лабораториските вежби студентот стекнува практично искуство за мехатронички системи, преку симулации и работа со реална опрема.

Вкупен расположив фонд на часови: 180

Содржина на предметната програма: Вовед. Структура на мехатронички систем. Базични елементи на системот (сензори и трансдуцери, обработка на сигнали, системи за претставување на податоци). Актуатори (пнеуматски, хидраулички, механички, електрични). Модели на мехатронички систем. Основи на дигитална логика. Микропроцесорски системи во мехатрониката (микропроцесори, влезно - излезни единици, програмски логички управувачи, комуникациски системи, наоѓање на грешки).

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

W. Bolton

Mechatronics - Electronic Control Systems in Mechanical and Electrical Engineering

Longman

2000 (3ed)

2

S. E. Lyshevski

Electromechanical Systems, Electric Machines and Applied Mechatronics

CRS Press

2000

3

Г. Ц. Онвуболу

Мехатроника - принципи и апликации

Elsevier UK (Alamina)

2005

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

P. Elgar

Sensors for Measurement and Control

Longman

1998

2

P. C. Sen

Principles of Electric Machines and Power Electronics

John Wiley & Sons

1989

3

T. Kenjo

Electric Motors and their Controls - An Introduction

Oxford University Press

1999