Електрични елементи на автоматско управување
Предмет: Електрични елементи на автоматско управување
Код: ФЕИТ023005
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај.
Предуслов за запишување на преметот: Основи на електротехника
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со различните елементи во системите за управување и заштита на електромоторните погони во директното коло и повратните врски. Со успешно совладување на предметот студентот станува компетентен за разбирање на проблематиката со елементите во системите на управување на електромоторни погони, симулација, проектирање, експлоатација и одржување.
Методи на учење: Наставата се изведува преку предавања, аудиториски и лабораториски вежби. Предавањата се изведуваат „ex catedra“ со примена на проектор, проспектни материјали од различни фирми и прирачници, кои треба да му помогнат на студентот стекнатото знаење да го примени во пракса. Подготвени се тест прашања за проверка на успешноста на совладување на материјалот. Аудиториските вежби со решавање нумерички примери помагаат за совладување на теоријата во предметот. Со лабораториските вежби студентот стекнува практично искуство за елементите во системите на управување на електромоторните погони, преку симулации и работа со реална опрема.
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Вовед. Компоненти на регулираните електромоторни погони (референтни, мерни, споредбени, преобразувачки А/Д Д/А, извршни). Магнетни засилувачи. Полупроводнички засилувачи (енергетски полупроводнички компоненти, управувачки кола за насочувачи и чопери, топологии на фреквенциско напонски преобразувачи, видови на PWM управување). Микрокомпјутерско управување на електромоторни погони (основна конфигурација, примена на ДСП).
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Т. Јакимов |
Компоненти и системи за автоматско управување на електромоторни погони |
С - Скопје |
1998 |
2 |
С. Мирчевски |
Електрични елементи на автоматско управување |
ФЕИТ (интерно изд.) |
2010 |
3 |
M. R. Stojic |
Digitalni sistemi upravljanja |
Naucna knjiga-Beograd |
1989 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
P. Elgar |
Sensors for Measurement and Control |
Longman |
1998 |
2 |
P. C. Sen |
Principles of Electric Machines and Power Electronics |
John Wiley & Sons |
1989 |
3 |
B. Drury |
The "Control Techniques" Drives and Controls Handbook |
IEE-UK |
2001 |