Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за телекомуникации

Лабораторија за телекомуникации

Лабораторијата за телекомуникации e формирана во 1974 година. На почетокот Лабораторијата била сместена во барака 1 во кампусот на Електротехничкиот факултет. Во 1995 год. Лабораторијата е преместена во новоизградениот простор на Институтот за телекомуникации во анексот на Факултетот, каде што се наоѓа и денес. Досегашни раководители на Лабораторијата за телекомуникации биле: проф. Борис Спасеновски, д-р Љубомир Стрезов и проф. д-р Лилјана Гавриловска. Сегашен раководител на Лабораторијата е проф. д-р Борислав Поповски.

Од нејзиното формирање до денес Лабораторијата за телекомуникации постапно прерасна во современа и одлично опремена лабораторија, која се употребува во наставната, научно-истражувачката и апликативната дејност на Институтот за телекомуникации.

tk1
Лабораторијата за телекомуникации денес

Како дел од наставата, во Лаборатоијата за телекомуникации студентите практично се запознаваат со современите техники за пренос на сигнали и обработка на податоци, со телекомуникациските мрежи, нивните архитектури и протоколи. Во Лабораторијата се спроведуваат вежби по предметите: основи на телекомуникации, теорија на информации, дигитални телекомуникации, телекомуникациски софтвер, комутација и рутирање, симулациски методи во телекомуникациите, телекомуникациски мрежи, телесообраќаен инженеринг, телекомуникациски системи, канали и пропагација, интернет технологии, радио и сателитски комуникации, дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи, сигурносни телекомуникации, безжични комуникации, дигитален пренос на информации, оптички мрежи, безжични и мобилни мрежи, персонални и adhoc мрежи, безжични IP мрежи, процесирање на сигнали во телекомуникациите, објектно-ориентирано моделирање на телекомуникациски системи, процесирање и пренос на мултимедиски сигнали, итн.

tk2
Дел од мрежната опрема во
Лабораторијата за телекомуникации

Голем број студенти на додипломските и постдипломските студии ги изработуваат своите семинарски, дипломски и магистерски работи во Лабораторијата за телекомуникации.

Во лабораторијата на располагање се наоѓаат голем број системски макети, мерна опрема, осцилоскопи, спектрални и протоколни анализатори, како и мрежна опрема од водечки светски производители (HP, Anritsu, Cisco, Marconi, LinkSys).

Лабораторијата располага и со повеќе програмски развојни пакети, како што се Matlab, Mathematica, Telelogic Tau SDT Tool (SDL), Optiwave System, OPNET и QualNet.

tk03.png
Сигнален анализатор, универзалнно програмабилно радио,
програмабилен сензор, RFID читач

Ресурсите на Лабораторијата се користат и за научно-истражувачката дејност во рамките на голем број домашни и меѓународни проекти (FP6, FP7, NATO, TEMPUS). Предмет на истражување се најновите телекомуникациски технологии (на пример когнитивно радио, сензорски мрежни технологии, Wireless LAN, WiMAX, 3G, ADSL, итн.). Во рамките на овие проекти набавени се: универзални програмабилни радија, сензорски јазли, RFID модули и сигнален анализатор.

tk4
Лево: Wireless Indoor Design Tool, една од многуте
софтверски алатки развиени во Лабораторијата за телекомуникации
Десно: Дел од комплетите за тестирање
изработени во Лабораторијата

Дел од активностите што се изведуваат во Лабораторијата за телекомуникации припаѓаат во доменот на апликативната дејност и соработка со стопанството. Како резултат на соработката со најзначајните телекомуникациски компании во Македонија развиени се многу решенија за телекомуникациски системи кои успешно се имплементирани од компаниите, како на пример: систем за интегрирање на GSM/GPRS и WiFi мрежи, систем за тестирање на квалитетот на GSM/GPRS мрежите, дигитален микробранов систем за дистрибуција на дигитални ТВ програми, скелетни и пристапни телекомуникациски мрежи итн. Врз база на експериментални истражувања во областа на пропагацијата на радиосигналите развиена е софтверскa алаткa за оптимално поставување на пристапни точки во безжична локална мрежа (Wireless Indoor Design Tool - WIDТ).

Во рамките на научно-истражувачките проекти на институтот, развиени се демо и тест платформи за инстражувања и развој на апликации од областа на сензорски мрежи и управување на радио ресурси во когнитивни мрежи.

Лабораторијата за телекомуникации при ФЕИТ е единствена лабораторија од тој вид во Р. Македонија, која бележи постојан развој од нејзиното формирање. Иако располага со најсовремена телекомуникациска опрема, Лабораторијата постојано се стреми кон нејзино дополнување и осовременување, а со цел да биде во тренд со најновите технолошки достигнувања од областа на телекомуникациите и да помогне во дејноста на Институтот за телекомуникации, Факултетот и Универзитетот.
Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

ЛКХТЈЗ

logo_lkhtjz_mk.png

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

copy_of_logoevn.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ

 
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
ноември
« ноември 2024 »
повтсрчепесане
123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930