Лабораторијата  за електрични мерења и материјали почнува со својот развиток со  основањето на Факултетот во 1959 година. Раководители на Лабораторијата  од нејзиното основање до денес биле професорите В. Јовевски, Б.  Ханџиски, Ц. Гавровски, М. Чундева-Блајер и Љ. Арсов.
 
 Во  Лабораторијата паралелно се одвиваат наставната, научно-истражувачката и  апликативната дејност. Во наставната дејност се изведуваат  лабораториски вежби по предметите од наставно-научната област електрични  мерења и материјали, дипломски и магистерски работи. Таа обезбедува  простор со 24 работни места, масите се опремени со приклучни кутии за  напојување, како и соодветна опрема за изведување на лабораториските  вежби, како што се мерна инструментација за електромагнетни величини,  електромагнетно зрачење, статички електрицитет и неелектрични величини –  бучава, вибрации, светлина, притисок, температура, како и компјутерска  опрема и компјутеризирани мерни системи. Карактеристика за оваа  лабораторија е што низ неа поминува голем број студенти, практично сите  студенти на ФЕИТ работат лабораториски вежби по соодветните предмети.
 
 Во Лабораторијата се изведува научно-истражувачка работа во рамките на  меѓународни и домашни проекти, за што постои солидна инструментација.  Во рамките на апликативната дејност, Лабораторијата врши мерења на  параметрите на заземјувачите и заземјувачките системи, испитување на  електрични инсталации, испитување на отпорности на изолација, испитување  на статички електрицитет, тестирање на нисконапонски уреди и апарати,  калибрација на инструменти и други електрични мерења потребни во  индустријата.