Лабораторијата за електромоторни погони (ЛЕМП) е формирана во осумдесеттите години од минатиот век во рамките на Институтот за индустриска електроенергетика, во периодот кога се создадени просторни можности со надградба на анекс зградата на Електротехничкиот факултет. Денес ЛЕМП припаѓа на Институтот за електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај, кој е одговорен за наставата на студиската програма Конверзија и искористување на електричната енергија.
ЛЕМП врши повеќе дејности - наставна, истражувачка и апликативна. Во своето постоење, уште при формирањето, остварена е тесна соработка со факултетските лаборатории за електрични машини, електроника и релејна заштита, како и со соодветните лаборатории на Универзитетите во Ерланген, Загреб, Нови Сад и Софија. Концепцијата за создавање на Лабораторијата од аспект на видот на опремата, нејзиниот распоред и сл., е направена во периодот по студискиот престој на Слободан Мирчевски на Универзитетот во Ерланген во 1984 година. Од нејзиното оформување па до денес раководители, а воедно и заслужни за успешното функционирање на Лабораторијата се: проф. д-р Тодор Јакимов, проф. Благој Димитров, проф. д-р Слободан Мирчевски и асист. м-р Здравко Андонов. За извршување на дејностите во Лабораторијата ангажирани се и неколкумина технички соработници, прво Димитрије Дилевски, потоа Борис Рошков и до почетокот на 2009 год., Љупчо Карајановски.
Опремувањето на ЛЕМП е помогнато со донации од повеќе фирми, меѓу кои: „Раде Кончар“ – Скопје, која обезбеди метална конструкција на масите и преклопка ѕвезда/триаголник, потоа „ЕМО“ – Охрид, преку донацијата на електрична опрема на масите и фреквенциски преобразувач од типот ЕМОФРАМ, „Микросам“ - Прилеп обезбедувајќи ACS 600 фреквенциски преобразувач DTC тип од ABB, SIEMENS со дел од својата палета уреди, поточно програмски логички управувачи (PLC) од типот SIMATIC S7-200, „ABB“, која донира PLC SD 811 и други модули, како и „DANFOSS“, кој ги донира VLT Automation Drive и VLT Micro Drive. Без помошта на овие компании ЛЕМП немаше да ги има функционалноста и изгледот кои ги има денес, за што во оваа пригода искажуваме
благодарност до сите нив.
Во наставната дејност ЛЕМП обезбедува изведување лабораториски вежби по предметите: електромоторни погони, управување на електромоторни погони и електрични елементи на автоматско управување од учебната 1991/92 година, што може да се смета за почеток на нејзината работа. Воедно, ЛЕМП има можности да ги задоволи потребите за си те предмети од првиот и вториот циклус на новите студиски програми, обезбедувајќи услови за работа со реална опрема и изведување симулации. Всушност, лабораториските вежби се од два вида – реални, кои се изведуваат со постоечката опрема, и симулациски, за што се користат различни софтверски алатки, како MATLAB, AUTOCAD, PSpice, и др., вклучувајќи и софтвер креиран за потребите на лабораториските вежби - определување на времетраење на пуштање на погонот, метод на средна вредност на загубите за из бор на електромотор, преодни појави во електромоторни погони, енергетика во преод ните појави на електромоторните погони и др. Освен изведувањето на вежбите, ЛЕМП им овозможи на повеќе од 50 студенти да ги изработат своите дипломски работи, ис то времено успевајќи да го искористи нивниот креативен потенцијал во својот раз вој. Лабораторијата за електромоторни погони останува отворена за соработка со поранешните дипломци и со сите заинтересирани.
Истражувачката дејност е базирана пред сé на магистерските трудови и докторските дисертации. Предмет на истражувањата било определување на параме трите на асинхрон мотор преку каталошки податоци, управување на погони со асинхрони мотори, употреба на програмски логички управувачи (PLC) како замена за релејно - контакторското управување, заштита на погони со асинхрони мотори, дијагностика на електромоторните погони, енергетска ефикасност на електромоторните погони. Преку ЛЕМП се изработени и повеќе проекти за технолошки развој вклучувајќи употреба на ме ко пуштање за асинхрони мотори, развој на програмски логички управувач за лифтови и др. Апликативната дејност на Лабораторијата првенствено се состои во интервенции при дефекти, проектирање и модернизација на електромоторните погони, а корисници биле најчесто фирми од земјава.
Функционирањето на ЛЕМП се темели на вградената опрема, која во првите години од нејзиното формирање е на високо ниво на технолошки развој, за што сведочи и фактот дека уште во 1988 год. е набавен логички управувач од типот AEG Modicon A020. Во наредните години се набавени уште неколку инструменти и уреди, кои претставуваат опрема специфична за оваа лабораторија, а во која спаѓаат уредот за оптоварување со различ ни статички моменти зависни од брзината на вртење, тахометарот C. A, кој има можност за меморирање податоци, преносниот FLUKE 105 Scopemeter Series II, 100 MHz, како и претходно спомнатата донирана опрема од SIEMENS, ABB и DANFOSS. Сепак, во последно време набавката на нова опрема е отежната, пред сé поради економските услови во земјава, од кои не се поштедени и другите лаборатории на Факултетот. Сево ова го отежнува следењето на најновите трендови во областа на електромотор ни погони.