ФЛАОП (Факултетска лабораторија за автоматска обработка на податоци)
Првиот сметачки центар на тогашниот Електро-машински факултет во Скопје е формиран пред повеќе од четириесет години, кога во 1969 година е купена првата сметачка машина IBM 1130. Воедно, тоа е прв сметач од ваков вид во Македонија и трет во тогашната Југославија. Прв раководител на сметачкиот центар е проф. д-р Момчило Богданов. Со раздвојувањето на Електротехничкиот и Машинскиот факултет, во 1982 година се формира Факултетската лабораторија за автоматска обработка на податоци – ФЛАОП, кога во нови простории се сместени новите сметачки машини од серијата IBM 4331. Со формирањето на оваа лабораторија е направен нов чекор во унапредувањето на наставно-научниот процес на Електротехничкиот факултет во Скопје и се создадени предуслови за понатамошно унапредување на научно-истражувачката работа во сите области на Факултетот. Прв раководител на ФЛАОП е проф. д-р Томе Бошевски. Во наредниот период, следејќи ги новитетите во технологијата, неколкупати се извршени надградувања на постоечката опрема и проширување на бројот на компјутерски училници и работни места, како и осовременување на инсталираната опрема. Во 1992 година, со реализацијата на универзитетската компјутерска мрежа, извршено е комплетно омрежување на целиот факултет. Така, денес ФЛАОП располага со серверска сала во која се сместени главните сервери и комуникациска опрема, пет компјутерски училници со околу 100 работни места, машинска сала во која има околу 10 работни места и во која е сместена и централната комуникациска опрема. Во состав на ФЛАОП е и просторија за студентски интернет со 18 работни места. Опремата во машинската сала е од повеќе реномирани производители. ФЛАОП располага со повеќе серверски машини (SuN, Dell и HP), персонални сметачи и комуникациска опрема (switch-ови и router-и Cisco, Allied Telesyn). Компјутерските училници и просторијата за студентски интернет се опремени дел со персонални сметачи, а дел со графички станици. На студентите и вработените во зависност од потребите на располагање им се повеќе оперативни системи (SuNSolaris, Linux, Windows), како и соодветни апликации. Во ФЛАОП е инсталирана разновидна опрема од реномирани производители при што најмалку на две години се врши нејзино осовременување. На сликите е прикажан мал дел од расположивата опрема Во ФЛАОП се вработени Слободан Минов - систем инженер, Витомир Богатиновски – оператор, и двајца демонстратори, Божидар Проевски и Гоце Докоски. Раководител на Лабораторијата е проф. д-р Аристотел Тентов. Во компјутерските училници на ФЛАОП се одвива целокупниот обем на лабораториски вежби по значителен број предмети 233 од редовната настава на сите насоки (приближно по околу четириесет предмети по семестар). Ресурсите се користат и за повеќе научни и истражувачки работи од доменот на работењето на Факултетот. Исто така вработените во ФЛАОП се надлежни и за одржување на компјутерската мрежа на Факултетот, како и за давање стручна и техничка помош на службите на ФЕИТ.