Денес  Лабораторијата за електроника ги изведува наставните активности во   една просторија на катот во анексот, додека просторијата во приземјето   се користи за предавања и аудиториски вежби, но и за лабораториски   вежби од електронски мерења и од енергетска електроника. Практичната   работа на студентите, како и научно-истражувачката и апликативната   дејност при Институтот се одвиваат во заедничкиот простор на Институтот   на првиот кат во анексот, како и во одделните простории во кои се   сместени наставниците и соработниците (организирани во вид на   микролаборатории). Лабораториските вежби се клучна алка во образованието   на инженерите во областа на електрониката и затоа тие се застапени во   речиси сите предмети: основи на електрониката, линеарна електроника,   импулсна електроника, дигитална електроника, вгнездени компјутерски   системи и системи за работа во реално време, микроконтролери,   микропроцесорска електроника, телевизија, системи за обработка на слика,   дигитални аудиосистеми, енергетска електроника, микроелектроника, како  и  сензори, кондиционери и ситеми за аквизиција. Повеќето лабораториски   вежби со држат практична работа на студентите со реални кола и уреди, а   каде што нема усло ви се користат компјутерски алатки и симулатори.