Во периодот од 1986 до 1991 година набавени се неколку квалитетни мерни инструменти, како што се микропроцесорската развојна станица НР64000, анализатор на спектар, дигитален осцилоскоп и др. Во тој период адаптирана е и една просторија како Фарадеев кафез за мерење на EMI интерференции.
 
 Лабораторијата за електронски мерења од формирањето до денес се  користи за изведување на лабораториските вежби по предметот електронски  мерења, како и за изработка на дипломски работи. Освен за изведување  наставни активности, оваа лабораторија се користи и за реализирање на  апликативна дејност и соработка со стопанството, за мерење и тестирање  на најразлични уреди од аспект на безбедност при работата и за EMC  компатибилност. Исто така, во Лабораторијата за електронски мерења се  прават одредени мерења во склоп на научно-истражувачката работа на  членовите од Институтот за електроника. Денешен раководител на оваа  лабораторија е пом. асистент Владица Сарк.