6 - Автоматика, роботика и системско инженерство (6-АРСИ)
Студиска програма: 6-Автоматика, роботика и системско инженерство (6-АРСИ)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа автоматика, роботика и системско инженерство
Вториот циклус студии Автоматика, роботика и системско инженерство има за цел да едуцира експерти кои ќе можат да ја понесат техничката и економската одговорност на проектирање, развој користење и одржување на комплексни роботски и интелигентни системи во нашето општество.
Оваа програма нуди опсег на области од процесната индустрија, роботиката и компјутерското инженерство. Исто така, дава одлична подготовка за оние кои сакаат својот работен ангажман да го посветат на апликации во научно-истражувачка работа во некоја институција од ваков вид.
Програмата е наменета за студенти со соодветен степен на квалификации, кои сакаат да ги зголемат своите можности за вработување во компании кои се бават со проектирање и имплементирање на управувачки системи, реализирани софтверски или хардверски, студенти кои тежнеат да се здобијат со продлабочено теориско знаење и квалификации потребни за успешно проучување и работење со модерни и напреднати техники на управување и водење на комплексни системи, вработени во фирми кои применуваат разни видови на управувачки системи, а кои имаат потреба од формални квалификациии и сакаат да го прошират своето знаење во најразлични полиња на примена на овие системи, инженери од индустријата, проектанти на управувачки системи, планери и менаџери во стопанството кои тежнеат кон продлабочено разбирање на сегашните, нови и модерни пристапи во компјутерското системско инженерство и имаат амбиција за примена на истите со цел да се постигне повисока автоматизација и поголем квалитет и профит.
По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:
- да имплементираат техники на управување и компјутерско инженерство во области од технички науки, медицина, менаџмент и друго
- да применуваат техники на машинско учење при креирање на интелигентни системи и веб базирани апликации
- да применуваат методите за обработка на говор и јазик
- да развиваат нови области за примена и усовршување на постоечките
- да покажат разбирање за теориските проблеми во моделирање, симулација, управување и водење на системи и процеси
- да се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на примена на автоматизацијата и компјутерското инженерство
- да покажат знаење и оспособеност за следење на тековната состојба во истражувањата и вклучување и прилагодливост за тимска работа во актуелни интердисциплинарни области и специфични области.
Задолжителни предмети |
|||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
|
|
Програмата нема задолжителни предмети |
|
|
|
|
|
Изборен предмет 1 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
|
Изборен предмет 2 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
|
Изборен предмет 3 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
|
Изборен предмет 4 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
|
Изборен предмет 5 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Вкупно |
30 |
15+0+0+15 |
900 |
||
Изборни предмети |
|||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
|
3ФЕИТ01016 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01010 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01003 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01007 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01012 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01013 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01004 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01006 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01002 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01009 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01018 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01015 |
Проектирање на управувачки системи и изработка на техничка документација |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ01005 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01011 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ01014 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ02022 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ05026 | Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Задолжителни предмети |
||||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
||
3ФЕИТ00 |
Магистерска работа |
20 |
0+0+0+20 |
600 |
||
Изборни предмети |
||||||
3ФЕИТ06 |
Истражувачки проект од областа на автоматиката, роботиката и системското инженерство |
6 |
0+0+0+6 |
180 |
||
|
Универзитетски изборен предмет |
4 |
2+0+0+2 |
120 |
||
Вкупно |
30 |
2+0+0+28 |
900 |
|||