Компјутациона интелигенција
Предмет: Компјутациона интелигенција
Код: 3ФЕИТ01007
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Весна Ојлеска Латкоска
Цели на предметната програма (компетенции): Во фокусот на оваа предметна програма се концептите, парадигмите, алгоритмите, и начините на имплементација на комјутационата интелигенција (КИ), со нагласок на нивни можни практични апликации во инженерството. По завршувањето на овој курс, студентот ќе имаат разбирање за: основните модели во компјутационата интелигенција; примена на фази логика, невронски мрежи, генетски алгоритми, и други алгоритми во КИ; примена на техниките од КИ и начинот на нивно искористување за решавање на проблеми во реалниот свет; комбинирање на различните техники и избор на најсоодветната техника за моментално поставениот проблем.
Содржина на предметната програма: Компјутационата интелигенција (КИ) претставува множество од компјутациони методологии и пристапи, инспирирани од природата, наменети за решавање на комплексни проблеми од реалниот свет, за кои традиционалните пристапи (на пример моделирањето според основните физички законитости или експлицитното статистичко моделирање) се неефективни или неизводливи. Предметната програма ги опфаќа следните теми: 1. Вовед: преглед на односувањата во биолошкиот свет од кои се мотивирани методологиите во состав на КИ. 2. Oднос помеѓу трите основни компоненти на КИ (еволутивна компјутација, невронски мрежи, и фази логички системи) и како истите се комбинираат и/или се интегрирани во еден КИ систем. 3. Основни концепти и парадигми на еволутивната компјутација: генетски алгоритми, еволутивно програмирање, еволутивни стратегии, оптимизација на рој (колонија) од честички 4. Имплементација на еволутивната компјутација 5. Вештачки невронски мрежи: терминологија и составни елементи на невронските мрежи; преглед на различните топологии на невронските мрежи; учење кај невронските мрежи; хибридни мрежи и рекурентни мрежи; проблеми на пред-процесирање и пост-процесирање. 6. Имплементација на невронските мрежи. 7. Фази-логички системи: анализа и дизајн на фази-логичките системи; специјални поглавја поврзани со фази-логичките системи. 8. Имплементација на фази-логичките системи. 9. Имплементација на компјутационата интелигенција.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
R. C. Eberhart, and Y. Shi |
Computational Intelligence: Concepts to Implementations |
Morgan Kaufmann |
2011 |
2 |
Andries P. Engelbrecht |
Computational Intelligence: An Introduction, 2nd Edition |
John Wiley |
2007 |
3 |
James M. Keller, Derong Liu, and David B. Fogel |
Fundamentals of Computational Intelligence: Neural Networks, Fuzzy Systems, and Evolutionary Computation |
Wiley-IEEE Press |
2016 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Jyh-Shing Roger Jang, Chuen-Tsai Sun, Eiji Mizutani |
Neuro-Fuzzy and Soft Computing (A Computational Approach to Learning and Machine Intelligence) |
Prentice Hall |
1997 |
2 |
Robert E. King |
Computational Intelligence in Control Engineering |
CRC Press |
1999 |
3 |
Witold Pedrycz |
Computational Intelligence: An Introduction |
CRC Press |
1997 |