Проектирање на управувачки системи и изработка на техничка документација
Предмет: Проектирање на управувачки системи и изработка на техничка документација
Код: 3ФЕИТ01015
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Вон. проф. д-р Горан Стојановски
Цели на предметната програма (компетенции): Да ги запознае студентите со теориските и практичните аспекти на современиот процес на проектирање на управувачки системи и изработката на техничка документација со основна цел успешно користење на стекнатите знаења во практиката. Студентите да се оспособат за примена на класичните и модерните компјутерски помогнати техники на проектитирање и документирање на проектните решенија за конкретни индустриски и други апликации.
Содржина на предметната програма: Вовед: основни поими и дефиниции. Разработка на проблемот на проектирање и дефинирање на барањата на перформансите на управувачкиот систем. Проектирање на дигитални управувачки системи. Софтверски алатки за проектирање. Проектирање на комплексни индустриски управувачки системи. Хардверска реализација на управувачи и тестирање на перформансите. Изработка на техничка документација: барања на современата техничка документација, основни карактеристики на документацијата; поделба на документацијата според намената (проекта задача, идејно решение, идеен проект, инвестициски елаборат, главен проект, главен проект за реализација, документација за одржување). Стандарди и прописи за изработка на техничка документација.