Вмрежени системи за управување и управување во реално време
Предмет: Вмрежени системи за управување и управување во реално време
Код: 3ФЕИТ01003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Миле Станковски
Цели на предметната програма: Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со повисоките нивоа на SCADA и дистрибуираните системи, проектирањето на хиерархиски SCADA системи и апликативното програмирање на вакви системи. Исто така во рамките на овој предмет студентите ќе се обучат за работа со системи кои се критични во однос на времето (реално временски системи).
Содржина на предметната програма: Повеќенивоовска организација на системите за управување и надгледување на постројките и процесите, интегрирани информациони системи на ниво на фабрика. Дистрибуирани компјутерски системи за работа во реално време: Мерење и моделирање на задоцнување во комуникациски мрежи. Управување во затворена јамка преку комуникациска мрежа. Проектирање и работа со повеќе нивоовски дистрибуирани системи.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Richard M. Murray |
An Introduction to Networked Control Systems |
California Institute of Technology |
2006 |
2 |
Fei-Yue Wang, Derong Liu |
Networked Control Systems – Theory and Applications |
Springer-Verlag |
2008 |
3 |
Xia, Fu, Liu |
Analysis and Synthesis of Networked Control Systems |
Springer-Verlag |
2011 |