ПИД управувачи: теорија, проектирање и нагодување
Предмет: ПИД управувачи: теорија, проектирање и нагодување
Код: 3ФЕИТ01012
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Весна Ојлеска Латкоска
Цели на предметната програма (компетенции): Студентите ќе се здобијат со темелни познавања на ПИД управувачите и со најновите модификации на алгоритмите за ПИД. Исто така студентите ќе се обучат за проектирање и имплементација на само-нагодувачки ПИД управувачи.
Содржина на предметната програма: Моделирање на индустриските процеси. ПИД управување: основи на ПИД, основни и напредни алгоритми за ПИД, модификации на алгоритмите за ПИД со додавање на reset windup. Основни методи за проектирање и нагодување на ПИД управувачи: Ziegler-Nichols, реакциона крива, аналитички методи, оптимизациски методи, нагодување на полови. Напредни методи за проектирање и нагодување на ПИД управувачи: методи со фреквентен одѕив, методи со отскочен одѕив, методи за автоматско нагодување на управувачите. Предикторски ПИД управувачи за процеси со големи доцнења. Реална имплементација на ПИД управувачи.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
K. Astrom, T. Hagglund |
PID Controllers: Theory, Design, and Tuning |
Instrument Society of Аmerica |
1995 |
2 |
K. Astrom, T. Hagglund |
Advanced PID Control |
Instrument Society of America |
2006 |