Современи мехатронички системи
Предмет: Современи мехатронички системи
Код: 3ФЕИТ01016
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: проф. д-р Миле Станковски
Цели на предметната програма: Успешното завршување на наставната дисциплина на студентите ќе им обезбеди: разбирање на системите како композиција од механика, електроника, управување и информатика; оспособеност за анализа на секоја компонента од мехатроничкиот систем пооделно; примена на мехатроничките системи во роботиката; проектирање на мехатронички роботички системи.
Содржина на предметната програма: Хибридни системи и намената и улогите на автоматика, електроника, компјутерство, мехатроника, и роботика. Проблеми на спрегнување и интеракција. Електроничко-електромеханичка интеграција. Основи на задвижувачка динамика. Основни модели на конструктивни машински компоненти, електрични и хибридни сервомеханизми, електромеханички погони и актуатори. Механички вибрации, нишање, триење и нивната идентификација. Независно управување на задвижувани зглобови. Управување на силата. Управувана навигација на мобилни роботи и транспортери. Интегрирано управување на манипулациони роботи и роботски транспортери. Примена на линеаризација и мултиваријабилно управување. Стратегиско рамниште на управување во мехатроничко-роботички системи.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
V.S.Bagad |
Mechatronics |
Technical Publications |
2009 |
2 |
Godfrey Onwubolu |
Mechatronics: Principles and Applications |
Butterworth-Heinemann |
2005 |
3 |
Robert H. Bishop |
The Mechatronics Handbook |
CRC PRESS |
2002 |