Напредни ПЛУ интегрирани системи за автоматизација
Предмет: Напредни ПЛУ интегрирани системи за автоматизација
Код: 3ФЕИТ01010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Миле Станковски
Цели на предметната програма: Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со хиерархиските системи со програмабилни управувачи, нивниот принцип на работа и начин на користење. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени за работа вмрежени ПЛУ системи, како и со комуникација на ПЛУ системи со некое хиерархиски надредено ниво. Исто така ќе бидат оспособени за проектирање на системи на управување со ПЛУ, пресметка на потребните хардверски и софтверски капацитети на управувачките уреди и сл.
Содржина на предметната програма: Програмабилни логички управувачи како дел од дистрибуираните и хиерархиските управувачки системи. Протоколи за комуникација помеѓу ПЛУ-а од ист и различен производител. Стандарди за интероперабилност. Методи за пристап и менување на меморијата на ПЛУ за време на работа и сл. Програми за интерграција на системи кои се управување од ПЛУ – SIEMENS PCS7, WONDERWARE, YOKOGAWA CENTUM VP, FACTORY TALK и сл.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
L. A. Bryan, E. A. Bryan |
Programmable Controllers: Theory and Implementation |
Industrial Text Company |
1997 |
2 |
E.A. Parr |
Programmable Controllers An engineer’s guide |
Newnes |
2003 |
3 |
Robert Lewis |
Modeling control Systems Using IEC 61499 |
The Institution of Engineering and Technology |
2001 |