Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Институти Институт за телекомуникации

Институт за телекомуникации

За Институтот

Институтот за телекомуникации е основан во 1972 година во рамките на Електротехничкиот факултет во Скопје. Од неговото формирање до денес, Институтот создаде своја препознатливост во создавањето на врвно оспособен инженерски кадар во најсовремените области на телекомуникациите и информациско-комуникациските технологии, кои својата понатамошна професионална кариера многу успешно ја градат во државава и надвор од неа.

Повеќе информации за Институтот за телекомуникации можете да најдете на tk.feit.ukim.edu.mk.

 

Нова студиска програма 2017/2018:
Телекомуникации и информациско инженерство

Студиски програми

Институтот за телекомуникации е матичен институт за сите студиски програми по телекомуникации и информациско инженерство на ФЕИТ:

 

Новата додипломска студиска програма која стартува од учебната 2017/2018 Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ) се состои од јадро и два изборни модули.

Заедничкото ИКТ јадро опфаќа основи на телекомуникации, дигитални телекомуникации, телекомуникациски мрежи, оптички мрежи, интернет технологии и бази на податоци.

Првиот изборен модул се фокусира на ИКТ системи и мрежи: безжични комуникации и мрежи, мобилни системи, мрежно администрирање, напредни дигитални телекомуникации, телесообраќаен инженеринг, комутација и рутирање и развој на сервиси и апликации во телекомуникациите.

Вториот изборен модул се фокусира на ИКТ сервиси и апликации: веб дизајн, веб апликации, апликации за мобилни уреди со андроид и iOS програмирање и веб сервиси со јава и PhP програмирање.

Дополнително, студентите може да избираат предмети од области како што се: мултимедија, сигурносни комуникации, сателитски комуникации, интернет на нешта, дигитални валути.

Дипломираните инженери можат да се вработуваат во земјата и странство во компании и институции кои развиваат и имплементираат ИКТ: телекомуникациски и мобилни оператори, софтверски компании, компании кои произведуваат телекомуникациска опрема, истражувачки лаборатории и врвни академски институции.

Носител на студиската програма е Институтот за телекомуникации, а делови од студиската програма се реализираат во соработка со Институтот за компјутерски технологии и инженерство.

Со одбраната на дипломска работа, студентот се стекнува со академскиот степен: дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии, специјалност: телекомуникации и информациско инженерство.

Институтот за телекомуникации е единствена институција во државава, која доделува ваков вид на диплома.

Магистерските студии траат 2 семестри и завршуваат со одбрана на магистерска теза, после што студентот се стекнува со академскиот степен: магистер по електротехника  и информациски технологии.

Институтот, учествува во новоформираната докторска школа на УКИМ, преку нудење на предмети од областа на телекомуникациите во заедничката програма на ФЕИТ.

 

Истражувачка дејност на институтот

Институтот за телекомуникации е носител на научно-истражувачката дејност во областа на телекомуникациите  и информациското инженерство на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, и воопшто во Република Македонија. На Институтот, се реализира научно-истражувачка активност во најсовремените области на телекомуникациите и информациско-комуникациските технологии и сервиси. Завидните резултати од научно-истражувачката работа на членовите на Институтот се меѓународно потврдени со публикации во меѓународни списанија и светски конференции.

Истражувачката дејност на Институтот е поврзана и со работата на бројни домашни и меѓународни научно-истражувачки и апликативни проекти. Во овие проекти редовно се вклучени и нашите студенти, дипломци и постдипломци.  Институтот е меѓу водечките институции на УКИМ по бројот на меѓународни проекти, учествувајќи во повеќе европски проекти од FP7 и FP6 програмата во областа на безжичните, сензорските и оптичките мрежи, како и во NATO и TEMPUS финансирани проекти. Институтот развива и директна соработка со повеќе универзитети и компании од Европа и светот.

tk_map.png

Во тек на реализација се и повеќе домашни истражувачки проекти финансирани од Министерството за образование и наука. Под покровителство на Одделот за телекомуникации при Македонската секцијата на IEEE, на Институтот често гостуваат еминентни професори и истражувачи држејќи предавања за најновите достигнувања и трендови во современите телекомуникации.

Во рамките на својата апликативна дејност, Институтот остварува и блиска соработка со институциите и компании во областа на информациско-комуникациските технологии. Учествувал во изработката на голем број на научни студии и проекти кои се од стратешко значење за развојот на телекомуникациската инфраструктура и телекомуникациските мрежи и услуги во најголемите компании и институции во Р. Македонија.

tk_logo_a.png

 

Лаборатории за телекомуникации

Институтот за телекомуникации поседува четири сопствени лаборатории: Лабораторија за телекомуникации (исклучиво за наставни цели), Лабораторија за безжични мрежи, Лабораторија за оптички комуникации и Лабораторија за процесирање на сигнали во телекомуникациите. Во истите студентите можат и практично да се запознаат со современите техники за пренос на сигнали преку безжични системи, потоа за поврзување на оптички влакна и пренос на сигнали низ оптички мрежи, обработка и пренос на сигнали и податоци, развој на мрежните архитектури, апликации и протоколите во мрежните елементи и сл. Лабораториските вежби предвидени со наставната програма се изведуваат со употреба на реални телекомуникациски модели изработени со современи хардверско-софтверски алатки (системски макети, спектрални и сигнални анализатори, осцилоскопи, SDR уреди, итн.), како и со компјутерско-симулирани модели. Освен тоа, дел од лабораториите се користи и во научно-истражувачка дејност при испитување на најнови технологии (на пример: когнитивно радио, сензори, RFID-а) и иновативни мрежни решенија.

tklabmin.png

 

Членови на институтот

проф. д-р Борислав Поповски

Раководител на Институт

вон. проф. д-р Перо Латкоски

Раководител на Лабораторија

проф. д-р Лилјана Гавриловска

проф. д-р Венцеслав Кафеџиски

проф. д-р Тони Јаневски

проф. д-р Зоран Хаџи-Велков

проф. д-р Александар Ристески

вон. проф. д-р Владимир Атанасовски

вон. проф. д-р Марко Порјазоски

доц. д-р Славче Пејоски

доц. д-р Валентин Раковиќ

доц. д-р Томислав Шуминоски