Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Институти Електрични машини, трансформатори и апарати

Електрични машини, трансформатори и апарати

Институтот за електрични машини, трансформатори и апарати (ИЕМТА) низ наставната, научно-истражувачката и апликативната дејност ја негува и развива проблематиката од областа на електричните машини, трансформатори и апарати. Во рамките на ИЕМТА се работи на сите домени од оваа проблематика, во насока на продлабоченото изучување и истражување како на класичните електрични машини, трансформатори и апарати така и на малите и специјални електрични машини, енергетските преобразувачи, во стационарен и динамички режим на работа. За таа цел се користат современи софтверски алатки и методологии за нивно оптимално проектирање со помош на генетски алгоритам и компјутерска анализа на магнетно и термичкото поле со помош на методот на конечни елементи. Во едукативната сфера на работењето на ИЕМТА централно место заземаат предметите кои се предаваат на додипломските, постдипломските и од неодамна и на магистерските студии на Факултетот за електротехника и инфор мациски технологии во Скопје, додека научно-истражувачката и апликативната дејност се реали зира преку голем број проекти и студии кои произлегуваат од соработката со домашните компании, но и од долгогодишната соработка со низа интернационални универзитети, институти и институции. Резултат на ваквата долгогодишна научно-истражувачка работа на членовите на овој институт се и големиот број објавени трудови во реномирани меѓународни списанија и во зборници на трудови на домашни и странски конференции.

Формирањето на Институтот за електрични машини, трансформатори и апарати е тесно поврзано со вработувањето на проф. Станимир Јовановски како доцент во 1960 година, кој воедно е и прв вработен на електро одделот на електромашинскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во постојан работен однос. Нешто подоцна, на 27 април 1961 година проф. Јовановски е назначен за прв раководител на Катедрата за електрични машини, а потоа и за прв раководител и на Лабораторијата за електрични машини. Со развитокот на Факултетот името од Катедра за електрични машини еволуира во Завод за електрични машини, трансформатори и апарати во 1982 година сè до денешниот назив кој го добива во 1994 година. Професорот Јовановски функциите на раководител на Институтот и на Лабораторијата ги извршувал сè до своето пензионирање во 1987 година. Тој има дадено огромен придонес за развојот како на Факултетот така и на сите дејности кои ги негува Институтот, пред сè како долгогодишен раководител на Институтот и Лабораторијата, но и како раководител и истражувач на низа научно-истражувачки и апликативни проекти од областа на електрични машини, трансформатори и апарати. Професорот Јовановски во 1970 година е добитник и на највисокото државно признание, наградата „11 Октомври“, за достигнување во областа на науката. Во овие први години на функционирање на Техничкиот факултет постојано се вршат промени во наставната програма со цел да се зголеми застапеноста на дисциплините од областа на електротехниката, а со тоа и предметите од областа на електричните машини.

Од тие причини се јавила потреба за зголемување на бројот на наставници и асистенти вклучени во наставниот процес, при што некои од нив се вработени во редовен работен однос, а некои хонорарно. Така во 1961 година хонорарно како асистент е вработен Дионис Манов, а подоцна Ванчо Георгиев и Благој Димитров. Професорот Манов од почетокот на својата работа на Факултетот, па сè до пензионирањето во 1999 година исто како и професорот Јовановски дал значаен придонес во развитокот како на Факултетот така и на Институтот. Проф. Манов бил декан на Факултетот во периодот 1989-1990, но бил и продекан во периодот од 1977-1978 година. Раководител на ИЕМТА, а воедно и раководител на Лабораторијата за електрични машини бил од 1987 до 1997 година. Заедно со професорот Јовановски имаат дадено значаен придонес во дефинирањето како на предметите така и на наставните програми на енергетските насоки, а подоцна и поконкретно на насоката Индустриска електроенергетика и автоматизација. Нивниот придонес е исто така важен и во креирањето и развоjoт на постдипломските студии по електрични машини за целиот период на нивното академско работење на Факултетот. Во 1961 година како прв лаборант во Лабораторијата за електрични машини е вработен Младен Алчев, кој заедно со проф. Јовановски учествувал во формирањето и ставањето во функција на Лабораторијата за електрични машини. Нешто подоцна во Лабораторијата како лаборант е вработен и Кирил Даскалов. Прв асистент на катедрата за електрични машини кој е примен во редовен работен однос е Лидија Петковска во 1970 го дина. Со развојот на студиските програми и зголемувањето на бројот на предмети кои се изучувале се јавила потреба од зголемување на наставниот и техничкиот кадар на ИЕМТА, па така во 1971 година Димитрија Анастасовски е примен за лаборант. Во овој период заради големиот број студенти и зголемениот обем на работа во Лабораторија та до полнително биле ангажирани и асистентите Ѓорѓи Такашманов и Живко Симоновски. Подоцна во 1972 година како асистент е примен Милан Чундев. Од 1997 година до денес тој е раководител на ИЕМТА. Во 1974 година со изборот на Дамјан Христовски во звањето асистен составот на Катедрата за електрични машини е проширен со уште еден член. Новите членови на Институтот исто така несебично учествувале во доизградувањето на студиските програми на енергетските насоки, како и во дефинирањето и воведувањето нови предмети и содржини. Зголемениот број на чле нови на Институтот во тоа време овозможил покрај наставната дејност тие да можат по интензивно да се занимаваат и со истражувачка и апликативна дејност, што може да се види од бројните проекти и студии кои ги имаат реализирано во тој период.

Создавањето нови кадри во рамките на ИЕМТА е една од најзначајните заложби на членовите на Институтот. Во таа насока, во 1986 година на ИЕМТА како помлад асистент е вработен Влатко Чингоски, додека во 1988 година во истото звање се вработени и Влатко Стоилков и Горан Рафајловски. По неколкугодишна работа Чингоски во 1990 година оди на доктор ски студии во Јапонија и по враќањето се вработува во тогашното ЕСМ, каде што рабо ти и денес. Во 1992 година при ИЕМТА се вработува и Крсте Најденкоски како помлад асистент, а во 1997 година на Институтот во звањето асистент е вработен и Гога Цветковски. Најмлад член на Институтот е Михаил Дигаловски, кој за демонстратор при ИЕМТА е примен во 2009 година. Со нововработените членови на Институтот се доби нов елан и свежи идеи кои веднаш биле имплементирани во образовната и научно-истражувачка дејност, која е реализирана преку подготовка на бројни едукативни материјали, иновативен пристап во наставата со современи наставни помагала, како и дирeктно вклучување во бројни научно-истражувачки, развојно-истражувачки и апликативни проекти прво како истражувачи, а подоцна и како раководители на проектите. Овие членови заедно со тогаш поискусните членови на Институтот го реализираа и преминот од старите наставни планови и програми во новите според Болоњската декларација и Европскиот кредит трансфер систем. Денешната едукативна, научно-истражувачка и апликативна дејност на членовите на ИЕМТА е само надградба на солидно поставената едукативна и истражувачка база на доајените на овој Институт.

EMTA
Дел од наставниот кадар на Институтот

Развојот на ИЕМТА е проследен со постојан развој на наставните планови и програми кои ги покриваат кадрите од овој институт. Всушност, како што е и напоменато погоре во текстот, уште во првиот наставен план на Техничкиот факултет во Скопје за учебната 1959/60 година се предаваат предмети од областа на електричните машини, трансформатори и апарати, поточно предметите: електрични машини и испитување на електрични машини, кои во првиот наставен план се едносеместрални да со следниот наставен план од 1961/62 година станат двосеместрални. Веќе неколку години подоцна, со оформување на насоката Eлектростопанство и Eлектроиндустриската насока, а сето тоа придружено и со развитокот на електротехниката и индустријата генерално, значително се зголемува бројот на пред мети од оваа област, односно се воведуваат и предметите микромашини, енергетски преобразувачи, проектирање на електрични машини, нисконапонски апарати и други. Во седумдесеттите години се зголемува и бројот на предмети, но и постојано се надградуваат постојните предмети, се разбира, во согласност со измените на наставните планови на Електротехничкиот факултет и со новите достиг нувања во областа на електричните машини и индустријата. Наставниците од тогашната Катедра за електрични машини, трансформатори и апарати држат настава на двете енергетски насоки со неколку предмети од областа на електричните машини и еден предмет на насоките Eлектроника и телекомуникации и Информатика и автоматика. Подоцна, направени се уште низа реформи на наставните програми, според кои продолжуваат да постојат двете енергетските насоки, но без под насоки, и со зголемен број предмети на насоката Индустриска електроенергетика и автоматизација. Последните реформи во високото образование овозможија воведување на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). Оваа реформа е проследена со формирање на 4 енергетски студиски програми (модули), така што денес наставниот кадар од ИЕМТА ја покрива наставата пред сè на модулот Електроенергетски уреди, но учествува и во наставните програми на другите електроенергетски модули, како и модулите Компјутерско системско инженерство и автоматика и модулот Електроника, радиотехника и процесирање на сигнали. Според сегашните наставни планови, членовите на ИЕМТА се одговорни за изведување на наставата на 23 предмети од додипломските студии, од кои дел се сосема нови дисциплини кои претходно не се предавани на енергетските насоки, или барем не во таков облик. За првпат се воведени и предметите енергетски преобразувачи 2, динамика и моделирање на електрични машини, ветрогенератори, компјутерско проектирање на електроенергетски уреди, инженерски софтверски алатки, дигитално управување на електрични машини, електроенергетски уреди за специјална намена и други. Освен тоа, во рамките на овој институт постојано се работи на надградба на програмата на постдипломските студии, односно во поново време и на магистерските студии, со цел да се следат современите текови во областа на електричните машини, трансформатори и апарати и да се создаваат кадри оспособени да одговорат на предизвиците кои ги носат денешните промени во електроенергетскиот сектор. Постдипломските студии се многу важен дел од едукативната сфера во кои отсекогаш се вложувало, порано преку воведување нови предмети на насоката Електрични машини, трансформатори и апарати, а и денес, преку оформување на програма за едногодишни магистерски студии според ЕКТС. Модулот Електрични машини и автоматизација (ЕМА) на магистерските студии нуди изучување на 10 дисциплини, а наставата ја изведува кадарот од ИЕМТА. Треба да се нагласи дека одделни наставници од Институтот држат настава и на други студиски програми на магистерските студии на Факултетот. За одбележување е дека од областа на електрични машини, трансформатори и апарати во периодот од 1990 до денес изработени се и одбранети 11 докторски дисертации.

Членовите на овој институт се активни и во подготовката на учебни помагала и други материјали за студентите, но и книги од областа на електричните машини, трансформатори и апарати, наменети за студентите, но и за инженерите кои работат во областа на електричните машини. Автор на првата книга од оваа област под наслов „Микромашини“, издадена од Електротехничкиот факултет во 1995 година, е Лидија Петковска. Наскоро потоа е издадена уште една книга со наслов „Испитување на електрични машини“ од Дамјан Христовски во 1996 година, како и „Лабораториски практикум за испитување на електрични машини“ од Дамјан Христовски и Станимир Јовановски во 1999 година. Освен книгите, професорите од Институтот имаат подготвени материјали за предавања и аудиториски вежби, како и лабораториски практикуми за изведување лабораториски вежби, кои се ревидираат секоја година и им се достапни на студентите.

Иновативниот и современ пристап во изведувањето на наставата е основна заложба на членовите на ИЕМТА од самиот почеток па до денешен ден. Така, освен подготовката на учебници и материјали за вежби по повеќето од предметите, се води сметка и за подготовка на практични програми и компјутерски вежби со цел проблематиката да се доближи до студентите и да им се овозможи запознавање со софтверските алатки кои ќе можат да ги користат и по завршувањето на студиите. Согледувајќи ја потребата од инженери кои не само што ќе имаат познавања од основните компјутерски алатки туку ќе бидат оспособени истите да ги искористат за решавање на секојдневните инженерски проблеми со кои ќе се соочат во својот работен век, членовите на ИЕМТА ги воведуваат овие алатки во предавањата и вежбите во голем број од предметите. Не помала важност се дава и на практичните лабораториски вежби, за што се користи опремата инсталирана во Лабораторијата за електрични машини, трансформатори и апарати (ЛЕМТА), во која спаѓа и новата компјутеризирана опрема за испитување на мали и специјални електрични машини набавена во 2005 година преку Темпус проектот CD_JEP-17016-2002. Со оваа опрема на студентите им се овозможува да користат најсовремена компјутеризирана мерна опрема за испитување на мали и специјални електрични машини, со што ЛЕМТА ја вбројува во врвните лаборатории во светот кои имаат и користат ваква опрема за едукативни цели.

Научно-истражувачката и апликативната дејност претставуваат многу важен дел од активнос тите кои се одвиваат во рамките на ИЕМТА. Всушност, овие дејности често се испреплетуваат бидејќи голем дел од проектите произлегуваат од соработката со електроиндустријата и електроенергетските компании. Оваа соработка почнува уште во седумдесеттите години од минатиот век и успешно продолжува и денес. Изработени се голем број научно-истражувачки проекти од различни области, меѓу кои позначајни се: Развој на нумерички методи и компјутерска поддршка за современо проектирање CAD на електроенергетски уреди, ЕТФ, 1993; Оптимално проектирање на електро-енергетските уреди од аспект на рационално користење на електричната енергија, ЕТФ, 1997; Современи методи на следење, анализа и прогнозирање на состојбата на изолационите системи на енергетските трансформатори, ЕТФ, 1999; Анализа на нестационарните и несиметрични режими на електричните машини од аспект на електроенергетскиот систем, ЕТФ, 1999; Истражување на стохастичките методи и развој на генетски алгоритам за оптимално проектирање на електрични машини, ЕТФ, 2003; Истражување на динамичките процеси во нисконапонските линеарни актуатори, ЕТФ, 2004; Истражување и примена на современи методи за компјутерски поддржана анализа на електричните машини, ФЕИТ, 2009. Во рамките на научно-истражувачката дејност на ИЕМТА изработени се 15 развојно-истражувачки проекти. Друга значајна дејност е апликативната при што за потребите на стопанските субјекти во земјата се изработени поголем број на проекти (65). Во изведувањето на апликативните проекти особено значење има и опремата во ЛЕМТА, со која се направени голем број испитувања за потребите на индустријата и електростопанството. За успешната работа на Лабораторијата голем придонес имаат нејзините досегашни раководители, како и техничките соработници ангажирани за вршење на активностите во Лабораторијата.

Друга значајна активност на членовите на ИЕМТА е учеството во меѓународни и билатерални проекти. Од аспект на усовршување на наставата, важно е да се спомене проектот TEMPUS project CD_JEP-17016-2002 под наслов Restructuring and Up-Dating Electric Power Engineering Study, рализиран во периодот 01.09.2003 – 28.02.2007. Членови од Институтот учествувале и во реализацијата на двогодишен билатерален Македонско-словенечки проект под наслов: Application of FEM in Design and Analysis of Electrical Machines во периодот 01.01.2006–31.12.2007, билатерален проект со Кралството Норвешка во областа на обновливите извори под наслов: Measurement of Wind Energy Potential in Macedonia во периодот 2005-2008 година, како и проект од FP6 програмата под наслов Renewables for isolated systems – energy supply and waste water treatment во периодот од 2006 до 2008 година.

Практичните резултати од научните истражувања во големиот број студии, проекти и соработки се објавени на бројни домашни и меѓународни конференции, меѓу кои спаѓаат ACEMP, CEE, CEFC, CHLIE, COMPUMAG, ELMA, ELECTRIMACS, ELECTROMOTION, EMF, EPE, EPE-PEMC, EPNC, ETAI, EUROCON, ICEM, ICEMS, IEMDC, IGTE, INTERMAG, IPEMC, ISEF, ISTET, ISEM, MAKO-CIGRE, MELECON, OPTIM, PCIM, PTZE, SAEM, SPEEDAM, UPEC, WSEAS, како и ред други конференции. Исто така, објавени се трудови во реномираните списанија IEEE Transactions on Magnetics и IEEE Transactions on Power Apparatus and Systems како и во други високо рангирани списанија од оваа област како што се COMPEL, PE, Electromotion, International Journal on Studies on Computational Intelligence-Springer, Elsevier, International Journal of Applied Electromagnetics and Mechanics-IOS Press и други. Членови од ИЕМТА се рецензенти на видни меѓународни списанија (COMPEL, IEEE on Magnetics, PE, и други), како и на трудови на повеќе меѓународни конференции. Тие се членови и на студиски комитети на значајни интернационални конференции. Освен тоа, редовно објавуваат трудови и во домашните списанија за енергетика и зборниците на трудови на ФЕИТ.

Треба да се спомене дека во 2006 година одредени членови на ИЕМТА на иницијатива на проф. Лидија Петковска ја почнаа и реализираа организацијата на првиот Македонско-полски симпозиум за применета електромагнетика (SAEMSymposium on Applied Electromagnetics) во Охрид со меѓународен карактер. Следниот симпозиум како Македонско-полско-словенечки се одржа во 2008 година во Замошч,
Полска. Денес во организацијата на симпозиумот се приклучи и Универзитетот во Ѓор, Унгарија. Во наредниот период конференцијата ќе продолжи да се одржува секои две години, па така во 2010 година ќе се организира во Птуј, Словенија, а во 2012 во Унгарија. Исто така членовите на ИЕМТА се активни и во меѓународната конференција за големи електрични системи СИГРЕ Париз, преку здружението МАКО СИГРЕ, чии студиски комитети дадоа и даваат особен придонес во работата и во организацијата на советувањата. Повеќето членови на ИЕМТА се дел од големото семејство на IEEE.

Наставен кадар на Институтот

Проф. Д-р Станимир Јовановски, редовен професор во пензија
М-р Дионис Манов, редовен професор во пензија
Проф. Д-р Лидија Петковска, редовен професор во пензија
Проф. Д-р Дамјан Христовски (in memoriam)
Проф. Д-р Милан Чундев, Раководител на Институтот
Вон. Проф. Д-р Крсте Најденкоски
Вон. Проф. д-р Горан Рафајловски
Вон. Проф. Д-р Влатко Стоилков, Продекан за финансии
Вон. Проф. Д-р Гога Цветковски, Раководител на Лабораторијата за електрични машини, трансформатори и апарати
Демонст. М-р Михаил Дигаловски
Димитрија Анастасовски, тех. соработник во пензија
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
ноември
« ноември 2024 »
повтсрчепесане
123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930