Лични алати
Пријави се

17 - Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17-РЕЕКС)

MK_flag.png UK_flag.png

Студиска програма: 17 - Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17-РЕЕКС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на студиски програми од технички и природни науки, економија, право и сродни на нив студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај

Студиската програма ги вклучува најважните аспекти на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот со цел студентите да се здобијат со знаења од областа на потребата од воспоставување на регулатива во дејностите за пренос на стока или информации преку големи вмрежени системи, како што се електроенергетските системи, системите за транспорт на природен гас, електронските комуникациски мрежи и сообраќајот, како и начинот на креирање и примена на истата преку следење и толкување на глобалните политики во соодветните дејности.

Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од дејностите во енергетскиот, сообраќајниот сектор или секторот на електронски комуникации, пред се во рамките на телеком оператори, оператори на мрежни системи, консултантски компании, регулаторни тела и државни и други јавни институции од соодветната област. Сегашните состојби во посочените компании, тела и институции, особено заради потребата од развој на регулативата и нејзино усогласување со барањата и стандардите воспоставени во Европската унија, укажуваат на зголемена потреба од квалитетни кадри способни да се вклучат во современите текови и да одговорат на барањата на различните сегменти од стопанството и администрацијата. Реструктуирањето и промените во јавните инфраструктурни сектори, кои што се одвиваа во изминатиот период, но кои треба да продолжат со несмалено темпо, покажуваат дека квалитетните кадри се најважниот сегмент за успешно изведување на овој процес.

Студиската програма содржи фундаментални дисциплини од областа на регулативата на мрежните дејности, дополнети со нови сознанија од областа, но и низа нови дисциплини и глобални политики и практики кои се развиени во согласност со современите сознанија и потреби во оваа област.

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ11004

Избрани проблеми од економија на јавниот сектор

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ12005

Основи на договорно и на потрошувачко право

6

3+0+0+3

180

Изборен предмет 1

6

3+0+0+3

180

Изборен предмет 2

6

3+0+0+3

180

Изборен предмет 3

6

3+0+0+3

180

Вкупно

30

15+0+0+15

900

Изборни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ10004

Бизнис менаџмент во телекомуникациите

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ11002 Европска регулатива за превоз на патници

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ12002

Европска регулатива при превозот на стока

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ02008

Енергетска политика и безбедност

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ03001 Законска и индустриска метрологија

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ10016

Мерења во Интернет

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ09010

Регулатива во енергетиката

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ11006 Регулатива во железничкиот транспорт

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ10026 Реконфигурабилни мрежи

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ11007 Сообраќајна политика и економика

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ06009

Регулатива во областа на животната средина

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ10030

Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ09013

Функционирање на пазарите на електрична енергија

6

3+0+0+3

180

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ00

Магистерска работа

20

0+0+0+20

600

Изборни предмети

3ФЕИТ17

Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетика, електронски комуникации и сообраќај

6

0+0+0+6

180

3ФЕИТ11001

Авторско право и сродни права

4

2+0+0+2

120

Универзитетски изборен предмет

4 2+0+0+2 120

Вкупно

30

4+0+0+30

1020