Енергетска политика и безбедност
Предмет: Енергетска политика и безбедност
Код: 3ФЕИТ02008
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се запознае со глобалните текови на светската и европската политика по однос на енергијата и безбедноста. Ќе се оспособи за самостојно анализирање и оценка на енергетско безбедностите состојби и влијанија во регионот и пошироко.
Содржина на предметната програма: Улогата на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија (International renewable energy agency) или ИРЕНА формирана од преставници на Влади од преку 100 држави меѓу кои и Р.Македонија во глобалната енергетска политика. ИРЕНА како надополнување или пак противтежа на Интернационалната Агенција за Енергетика (IEA) и Интернационална Агенција за Атомска Енергија (IAEA). Енергетска Сигурност на ЕУ и улогата на Балканот. Балканот како поле на енергетско-политичко влијание меѓу Русија од една страна и САД и ЕУ од друга. ЕУ и земјите од Југоисточна Европа: Мултилателарни договори во новата заедница на демократски држави – Договор за создавање на Енергетска Заедница на земјите од ЈИЕ (Treaty Establishing the Energy Community). Стратегија на ЕУ и САД за енергетска независност и улогата на Кавкаскиот Регион и Турција Хармонизирање на енергетската регулатива, јакнење на доверба и регионална оработка на полето на електрична енергија и гас и идното интегрирање во заедничкиот пазар на ЕУ.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Al Gore |
Earth in Balance Ecology and Human spirit |
Houghton Miftlin Co Boston |
92 |
2 |
E.s Casedy, P.S. Grossman |
Introduction to Energy |
Cambridge University Press |
98 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Daniel Yergin |
Energy Security and the remaking of the modern world |
Penquin 2012 |
2012 |
2 |
Goran Rafajlovski |
Energy policy of the EU the role of western balkan |
Proceedings of the International Conference on Information Technologies (InfoTech-2014 |
2014 |