Регулатива во енергетиката
Предмет: Регулатива во енергетиката
Код: 3ФЕИТ09010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+1
Наставник: Проф. д-р Весна Борозан
Цели на предметната програма: Познавање и примена на законодавството на ЕУ од областа на енергетиката со фокус на пазарите на електрична енергија и природен гас и негова примена во регионот на ЈИЕ и Република Македонија.
Содржина на предметната програма: 1. Трет пакет за енергетика на ЕУ. Пазар на електрична енергија: Директива 2009/72/ЕЦ - Заеднички правила на Внатрешниот пазар на електрична енергија на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 714/2009 - Услови за пристап на електроенергетските преносни мрежи; Пазар на природен гас: Директива 2009/73/ЕЦ - Заеднички правила на Внатрешниот пазар на природен гас на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 715/2009 - Услови за пристап на преносните мрежи за природен гас. 2. Чиста енергија за секој Европеец - нов пакет за енергетика на ЕУ во фаза на подготовка. Енергетска унија, политики, директиви, регулативи. 3. Енергетска заедница и регионални иницијативи. Договор за Енергетска заедница – цели, потписници, учесници, институционална поставеност; Обврски за потписниците - имплементација на acquis communautaire за енергија, животна средина, конкуренција и обновливи извори на енергија, како и за енергетска ефикасност и нафтени стокови резерви; Очекувани придобивки – сигурност во снабдувањето со енергија, инвестиции, регионални пазари на енергија, прекугранична трговија со енергија, интеграција во Внатрешниот пазар на енергија на ЕУ. 4. Регулирање на цените во енергетскиот сектор и тарифи. Потреба од регулатива во енергетскиот сектор; Регулирани дејности - Преносни и дистрибутивни услуги и оператори на системите; Трошоци во преносните и дистрибутивните компании; Регулаторни пристапи, повраток на инвестициите и одредување на цените на услугите. Трошоци на користење на преносните и дистрибутивните мрежи: Тарифи базирани на просечни трошоци; Тарифи базирани на маргинални трошоци. 5. Законска и подзаконска рамка во Р. Македонија. Закон за енергетика на РМ и основни подзаконски акти; Структура на пазарот на ЕЕ во РМ; Учесници на пазарот; Институции на пазарот. 6. Стратешки определби на Р. Македонија во областа на енергетиката и очекуван развој.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
A. Piebalgs |
Europe's New Energy Policy |
Claeys & Casteels, Belgium |
2009 |
2 |
D. Buschle, H. Lesjak (Eds.) |
The Energy Community Legal Framework, 4th Edition |
Energy Community Secretariat |
2017 |
3 |
C. W. Jones (Ed.) |
EU Energy Law – Volume 1, The Third Internal Energy Market, The Third Liberalisation Package |
Claeys & Casteels, Belgium |
2010 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Lorrin Philipson, H. Lee Willis |
Understanding Electric Utilities and De-Regulation, 2nd Ed. |
CRC Press Taylor & Francis Group |
2006 |
2 |
|
Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали |
|
|