Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) Нови постдипломски студии - 2018/2019 Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (РЕЕКС) Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот (РЕЕКС)

Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот (РЕЕКС)

Предмет: Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот

Код: 3ФЕИТ17

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 0+0+0+6

Наставник: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма РЕЕКС

Цели на предметната програма (компетенции): Добивање знаење од областа на регулативата во енергетиката и/или електронските комуникации и/или сообраќајот и подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

-

Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки, закони и други национални и меѓународни нормативни акти, и друга литература.

-