Функционирање на пазарите на електрична енергија
Предмет: Функционирање на пазарите на електрична енергија
Код: 3ФЕИТ09013
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Весна Борозан
Цели на предметната програма: Стекнување на напредни познавања од областа на пазарното стопанисување со електричната енергија, типови на пазари на електрична енергија, како и разбирање на влијанието на преносните мрежи врз функционирањето на пазарите и нивно спојување во единствен пазар.
Содржина на предметната програма: 1. Политика на електроенергетскиот сектор и законски и организациони модели на конкуренцијата: Монопол, Модел на единствен купувач, Трговија на големо, Трговија на мало; 2. Потреба од уреден пазар на електрична енергија, Типови на пазари на електрична енергија: Билатерални договори; Централизирани пазари на електрична енергија; 3. Билатерални договори: Физички договори, Договори за период однапред, Договори за во иднина, Опции, Договори за разлика; 4. Централизирани пазари на електрична енергија: Директен (спот) пазар – Пазар на ден однапред, Дневен пазар на електрична енергија, Пазар на балансна енергија; 5. Пазарни функции на операторите на електропреносните системи: Пазар на помошни услуги: Помошни услуги, Потреба од помошни услуги, Набавка на помошни услуги, Учество на пазарот на балансна енергија; 6. Потреба од регулатива во пазарот на електрична енергија: Регулирани дејности - Преносни и дистрибутивни услуги и оператори на системите, Преносни услуги и оператор на преносниот систем: Децентрализирано тргување преку преносен систем, Централизирано тргување преку преносен систем, Загушувања; 7. Модел на пазар на електрична енергија во Република Македонија: Закон за енергетика, Правила за пазар на електрична енергија, Правила за доделување на преносни прекугранични капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на Република Македонија; 8. Модел на регионален пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
F. P. Sioshansi |
Competitive Electricity Markets: Design, Implementation, Performance |
Elsevier Ltd. |
2008 |
2 |
C. W. Jones |
EU Energy Law – Volume 1, The Internal Energy Market |
Claeys & Casteels |
2004 |
3 |
M. Shahidehpour, H. Yamin, Z. Li |
Market Operations in Electric Power Systems - Forecasting, Scheduling, and Risk Management |
IEEE Press, Wiley-Interscience, A John Wiley & Sons, Inc. |
2002 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
N. Katic, V. Borozan, S. Halilcevic |
Ekonomija elektroenergetskih sistema |
CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003 |
2007 |
2 |
D. Buschle, H. Lesjak (Eds.) |
The Energy Community Legal Framework, 4th Edition |
Energy Community Secretariat |
2017 |
3 |
|
Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали |
|
|