Законска и индустриска метрологија
Предмет: Законска и индустриска метрологија
Код: 3ФЕИТ03001
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р р Марија Чундева-Блајер
Цели на предметната програма (компетенции): Стекнати знаења за развој и примена на регулатива во областа на метрологијата на национално и меѓународно ниво, и примена и развој на метролошките постапки во индустриски апликации.
Содржина на предметната програма: Место, улога и области на примена на законската метрологија. Терминологија на законска метрологија. Меѓународна метрологија, организација, меѓународни системи на единици и еталони. Обезбедување единство на мерењата и споредливост на мерните резултати. Регулатива во метролошка контрола. Регулатива за мерните инструменти. Мерни стандарди, калибрација и верификација на уреди. Акредитација на метролошките лаборатории/телата за оцена на сообразност. Место, улога и развој на индустриска метрологија. Метролошка и инфраструктура на квалитет. Национален метролошки систем, примарни лаборатории, секундарни лаборатории, калибрациски и тест лаборатории. Прецизни мерења на електрични и неелектрични големини во индустриски апликации. Дисеминација на вредностите единиците мерки на физичките големини. Интелигентна индустриска метрологија. Управување со квалитет во мерењата и калибрациите. Интеркомпарации и испитување на мерната способност. Софтверска поддршка за индустриска метрологија.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
D. Placko (ed.) |
Metrology in Industry: the key for quality, |
ISTE |
2006 |
2 |
Fluke Corporation |
Calibration: Philosophy in “Practice” |
Fluke Corporation |
1994 |
3 |
R. Malarić |
Instrumentation and Measurement in Electrical Engineering |
Brown Walkner Press, Boca Raton, Florida, USA |
2011 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
OIML |
OIML документи и публикации http://www.oiml.org/publications |
OIML |
|
2 |
ISO |
ISO документи и публикации http://www.iso.org/ |
ISO |
|
3 |
IEC |
IEC документи и публикации http://www.iec.org/ |
IEC |
|