4 - Електроенергетика (4-ЕЕ)
Студиска програма: 4-Електроенергетика (4-ЕЕ)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии – академски (технички факултети или сродни студиски програми од земјава и странство).
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика
Развојот на една земја е во непосредна корелација со равојот на електроенергетскиот сектор. Компаниите кои работат во оваа област сé повеќе се соочуваат со динамична работна околина, големи технолошки промени и работа на комплексни проекти.
Основна цел на овааа студиска програма е да произведе високоедуциран стручен кадар кој ќе има проширени стручни познавања од електроенергетика, кој ќе биде во чекор со примената на современата ИКТ во електроенергетскиот сектор и ќе биде способен да ги следи и применува најновите достигнувања во светот од областа на електроенергетиката. Студиската програма Електроенергетика на студентите ќе им овозможи проширени теоретски знаење во базичните области на електроенергетиката (производство на електрична енергија, разводни постројки и електроенергетска опрема) кое ќе можат практично да го применат во решавањето на инженерските задачи и проблеми.
Студентите на оваа студиска програма ќе бидат оспособени за изработка на стратегии, анализи, студии и сложени проекти од областа на електроенергетиката во новата пазарно-ориентирана околина, да вршат анализа на сложени процеси и оптимално водење на погонот на електричните централи, како и да проектираат електроенергетски објекти и системи за нивно управување.
Исто така, студентите на оваа студиска програма ќе се стекнат со знаење и вештини за водење на сложени проекти во електроенергетиката, примена на мерките за електробезбедност и заштита на електроенергетските постројки, како и знаење за тековното одржување и испитување на опремата во електроенергетските објекти. Студентите ќе бидат способни и за користење на современи софтверски алатки и новите информатичко-комуникациски технологии во областа на електроенергетиката.
Студиите ќе им овозможат на студентите и понатамошно сопствено неформално образование од областа на Електроенергетиката (преку курсеви, обуки и семинари), како и продолжување на своето формално образование на трет циклус на докторски студии.
Задолжителни предмети |
|||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
|
3ФЕИТ04018 |
Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ04024 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
|
Изборен предмет 1 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
|
Изборен предмет 2 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
|
Изборен предмет 3 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Вкупно |
30 |
15+0+0+15 |
900 |
||
Изборни предмети |
|||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
|
3ФЕИТ04004 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04005 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04006 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04008 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04011 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04012 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04013 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04014 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04015 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04020 |
Проектна документација и проекти за обновливи извори на енергија |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ04022 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
3ФЕИТ04023 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
||
Задолжителни предмети |
||||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
||
ФЕИТ00 |
Магистерска работа |
20 |
0+0+0+20 |
600 |
||
Изборни предмети |
||||||
ФЕИТ04 |
6 |
0+0+0+6 |
180 |
|||
|
Универзитетски изборен предмет |
4 |
2+0+0+2 |
120 |
||
Вкупно |
30 |
2+0+0+28 |
900 |
|||